(Видео) Ковачевски: Владината Програма во делот на економијата е општа, без бројки за просечната и минималната плата

Во владината програма има неконзистентни делови и ставови. Што се однесува до економијата која е најзначајна за едно општество, најавите се општи, без конкретни бројки за зголемување на просечната и минималната плата, рече претседателот на СДСМ и пратеник во македонското Собрание, Димитар Ковачевски во денешното обраќање. -Добро е што има продолжување на досегашните владини политики за поддршка на инвестициите и …

Continue Reading

Милошоски: СДСМ кои го потпишаа Преспанскиот договор периодов координирано напаѓаат заедно со грчката страна

Се наследува презадолжена држава во која претходните влади ја етаблирале корупцијата, како правило, а владеењето на правото станало селективен исклучок. од граѓаните со полно право ќе има очекувања за подобар животен стандард, а во буџетот има огромна финансиска дупка и презадолженост, изјави пратеникот Антонијо Милошоски на собраниската седница за нова влада. Милошоски истакна дека се наследува хаос во сите институции …

Continue Reading

(Видео) Петровска: Лицемерие за стратешките интереси на земјата е кандидат за министер да биде следбеник на режимот на Путин

Повеќе министерства а помалку жени, кадри на Груевски, многу зборови а малку кажано, сите лаги на виделина, ваква е оценката за Програмата и составот на новата Влада. Малку е лицемерно да зборувате за стратешките интереси на земјата а кандидат за министер да биде следбеник на режимот на Путин, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска денеска во македонското Собрание. -Да почнеме …

Continue Reading

Апасиев: Требало да пишете Република Северина Македонија оти го изду*ивте народот

Најзалудно потрошени четири часа од мојот живот беше читањето на програмата на мандатарот Христијан Мицкоски и биографиите. Ова го изјави во Собранието, лидерот на Левица, Димитар Апасиев. „Она што го имаме уште на првата страна сѐ ми кажа, еве нека види јавноста, во три реда, на пет места пишува ‘Република Северна Македонија’“, рече Апасиев. Додаде дека по она што ВМРО-ДПМНЕ …

Continue Reading

Сајкоски: Програмата на Владата 2024-2028 е реална и остварлива, Македонија конечно ќе зачекори напред

„Имаме неповторлива шанса да покажеме што можеме да направиме за Македонија, да покажеме дека државата не се сака само со зборови, туку со дела, добри дела кои траат вечно. Верувајте дека народот знаее да го цени тоа и да го награди. Нема да претерам ако речам дека оваа шанса која ви се укажува е можеби последната шанса Македонија да се …

Continue Reading

Спасовски: Мицкоски го смени ставот за Преспанскиот договор, а програмата на Владата е далеку од ветувањата

Програмата на Владата и концептите на партиите кои се дел од мнозинството се различни од ветувањата коишто беа дадени пред граѓаните, а прашањата кои беа отворени во минатото на манипулативен начин и се наметнуваа во јавноста ги нема воопшто, рече пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група Оливер Спасовски денеска во македонското Собрание во расправата за избор на Влада. …

Continue Reading

Мицкоски од Собранието: Државата е во клиничка смрт, не барам сто дена меден месец туку најавувам фуриозен почеток на инвестиции и реформи

Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана до мера на непрепознатливост каде институциите се доведени пред буквална пропаст и незапаметена нефункционалност. И за се ќе биде известена јавноста, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во експозето како мандатар за новата влада на денешната собраниска седница. Мицкоски додаде …

Continue Reading

Мицкоски: Денес е историски ден

Денес е историски ден.  Почнува собраниската дебата која ќе стави крај на периодот на неработење, криминал, лоши вредности и разочарувања, напиша на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред почетокот на седницата за избор на влада. „Со изборот на новата реформска влада, конечно започнува ново поглавје за нашата земја. Нашите граѓани во минатото се соочуваа со многу предизвици, но …

Continue Reading

Денес почнува собраниската седница за избор на нова Влада

Собраниската седница за избор на новата Влада почнува денес во 11 часот, а треба да заврши најдоцна до недела на полноќ. Мандатарот, Христијан Мицкоски, претходно неделава го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа. Тој денес ќе треба да ја образложи програмата и предлогот, по што почнува расправата во Собранието. Владата се избира со поддршка на …

Continue Reading