Првиот вицепремиер Изет Меџити учествуваше на Самитот на иднината во Обединетите нации

Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска учествуваше на Самитот на иднината во Обединетите нации. Овој самит собра повеќе од 150 лидери на држави и влади од целиот свет за да разговараат за предизвиците и можностите поврзани со иднината на човештвото. „Како прв потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, учествував на Самитот на …

Continue Reading

Николоски: Бугарија сака да се меша во внатрешните работи, од мене оставка може да побара премиерот и народот кој ме гласал

Оставка во Македонија од мене може да побара премиерот или може да побараат тие што ме избрале, а тоа е народот. Недозволиво е да странска држава бара оставка да си поднесе подпретседател  на влада и министер. Тоа никаде го нема, тоа е директно мешање во внатрешните односи на една држава, тоа е директен упад во внатрешни односи на една држава, …

Continue Reading

Сиљановска Давкова на Самитот на иднината во Њујорк

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска треба да се обрати на Самитот на иднината на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади. Целта на Самитот на иднината е државите членки да ја зголемат меѓусебната соработка која, како што се нагласува, е се поважна …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ му порача на СДСМ дека платите растат и можат само да учат како се работи

„Со СДС Македонија ја престигнаа Албанија и БИХ во раст на БДП по глава на жител, а сега се работи забрзано на економска трансформација, а сега СДС манипулира бидејќи со нив заостанавме зад сите во регионот, а реалната плата имаше пад, а не раст“, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Јована Тренчевска од СДСМ.  „Додека Македонија имаше раст …

Continue Reading

Дојде ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и платите почнаа да паѓаат, обвинува Тренчевска

Економските политики на Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрлија и за прв пат, после седум години постојан раст, сведоци сме на пад на просечната плата кај нас – намалена е за 1.000 денари, рече на прес-конференција Јована Тренчевска од СДСМ. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар. …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Лага e тврдењето на Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле евтини

„Љупчо Дон Николовски, очигледно, кога станува збор за народни пари не памети колку каде дал, секако сеедно му е. Лага e тврдењето на Дон Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле евтини. Хотелите во САД се платени неколку стотина евра од вечер, потврда за тоа се и документите кои самиот Дон Николовски ги доставил во сметководството на МЗШВ“, …

Continue Reading

СДСМ: Мицкоски лаже, во изминатите години ние ја зголемивме просечната плата до над 41.000 денари

„Христијан Мицкоски денеска повторно излажа. После седум години постојан раст на просечната плата, во јули годинава има пад за речиси 1.000 денари, според официјалните податоци од Државниот завод за статистика“, велат од СДСМ. „Тоа се фактите. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 1.000 денари пониска од јуни кога изнесуваше 41.939 според …

Continue Reading

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, цените на хотелските соби се во согласност со нашите правилници

Бројките изнесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски се неточни и со истите манипулираат, како само еден пример ќе кажам дека цената на хотелското сместување во Вермонт беше препорачано од тамошните власти и не изнесуваше повеќе од 150 долари по вечер, реагира Љупчо Николовски од СДСМ на објавите дека потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани. „Ние повторно сме сведоци …

Continue Reading

Не само во ФЗО, долгови од претходната власт има насекаде, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево изјави дека очекува до крајот на следната година, долгот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да биде еднаков на нула. Прашан дали Владата планира некако да помогне, бидејќи има информации дека ФЗО е во долгови, Мицкоски рече дека долгови има насекаде. – Долгови има насекаде. Тие се бројат во милијарди денари. Состојбата со ФЗО беше долг …

Continue Reading