Трипуновски: Доделени договорите од ИПАРД III програмата

DSC_0381.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски заедно со директорот на агенцијата Илија Стоилев доделија договори од ИПАРД III програмата за 2021-2027.



Договорите се однесуваат на мерката 1 –Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства и мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Финансиската поддршка се состои од 75% средства од ЕУ буџетот и 25% средства обезбедени од буџетот на Македонија.

Вкупната финансиската поддршка во рамките на ИПАРД III програмата од мерката 1 изнесува 18.893.333 евра, односно 1.171.764.533 денари, додека за мерката 7 изнесува 11.400.000 евра, односно 707.028.000 денари.

Денеска се потпишаа 30 договори од вкупно 76 од мерката 1 за кои вкупно прифатливите трошоци по договор изнесуваат 214.737.900,00 денари односно 3.494.514 евра, додека кофинансираната сума изнесува 141.279.000,00 денари односно 2.299.000 евра. Од мерката 7 се пишуваат 6 договори за кои вкупно прифатливите трошоци по договор изнесуваат 90.379.675,00 денари, а додека кофинансираната сума изнесува 54.488.543,00 денари, односно 886.713,00 евра.

“Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веруваат во потенцијалот на македонското земјоделство а со тоа и на земјоделците. Континуирано се прават заложби за подеднаков развој на земјоделството на секој дел од државата.

Со потпишување на договорите им посакавме успешна реализација на инвестициите и понатамошно беспрекорно работење, плодна соработка со агенцијата и министерството. Ги охрабруваме и останатите земјоделци да се вклучат во програмите за финансиска поддршка£, се истакнува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK