Меџити ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање
Досегашната министерка Каја Шукова ја предаде должноста на новименуваниот министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Шукова го информираше Меџити за тековните процеси и актуелните предизвици во животнтата средина и му посака успех во извршувањето на функцијата. Министерот Меџити најави дека во иднина Министерството за животна средина и просторно планирање ќе предлага и спроведува политики за подобрување на …
Continue Reading
Деспотовски: Новиот СДСМ ќе биде гласна, проактивна, критична и конструктивна опозициска партија
Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ продолжува со средбите на терен. Членовите во Крушево и Кичево ја истакнаа потребата од неопходна реформа на партијата и се наметна дебатата за тоа како ќе делува СДСМ како опозиција по изборот на новата Влада. Деспотовски посочи дека новиот СДСМ ќе работи на професионализација на партиските тела и ќе формира и влада во …
Continue Reading
Сиљановска Давкова го прими словачкиот амбасадор, Хенрик Маркуш: од особен интерес е интензивирањето на билатералниот политички дијалог
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи и можностите за унапредување на соработката во различни области од заемен интерес. Претседателката истакна дека билатералните односи се карактеризираат со пријателство и разбирање оценувајќи дека меѓу двете земји постојат силни културни врски поради наследството на светите браќа Кирил и …
Continue Reading
Новиот министер Андоновски на средба со младите од ИТ секторот
Новиот Министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски на првиот работен ден се сретна со млади луѓе од ИТ секторот ,,Првата официјална средба како Министер за дигитална трансформација, ја почнувам заедно со младите. Сите напори и решенија треба да бидат во насока на обезбедување добри услови младите да се развиваат и да ја гледаат и својата иднина во Македонија.’’ Тој додава …
Continue Reading
„Немаме намера да импровизираме во образованието, младите мора да ги задржиме тука: Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука од Шаќири
Модернизација на образованието и стимулација на научно-истражувачката дејност во Македонија, преку замена на импровизациите и ад хок одлуки со инклузивни долгорочни политики креирани со придонес на сите засегнати страни, најавува новата министерка за образование и наукаВесна Јаневска која денеска ја презеде функцијата од досегашниот министер Јетон Шаќири. Како што посочи по средбата, многу скоро ќе започне процесот на темелна обнова …
Continue Reading
Зоран Љутков ја презеде функцијата министер за култура и туризам од Бисера Костадиновска Стојчевска
Денеска, во просториите на Министерството за култура и туризам, беше извршено примопредавање на должноста министер за култура, помеѓу досегашниот министер Бисера Костадиновска – Стојчевска и новоименуваниот министер Зоран Љутков. Досегашната министерка, Костадиновска – Стојчевска на новоизбраниот министер му ја честиташе новата должност и му посака успех во совладувањето на предизвиците поврзани со реализацијата на тековните и идни проекти на Министерството …
Continue Reading
Сиљановска Давкова го прими јапонскиот амбасадор, Оцуко Казуја: потенциран интересот за натамошно јакнење на соработката меѓу двете земји
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Јапонија, Оцуко Казуја. На средбата беше потенциран интересот за натамошното јакнење на соработката и зближувањето меѓу двете земји и народи, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази очекување за интензивирање на политичкиот дијалог со Јапонија во иднина, со цел унапредување на меѓусебно разбирање и соработка на политички, економски и културен план. Во …
Continue Reading
Пенов му посака успешна работа на Перински, разговараа за досегашната работа на министерството и реализацијата на тековните проекти
Во Министерството за локална самоуправа денеска е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Златко Перински во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Ристо Пенов. На средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа, за имплементацијата на политиките за локален и регионален развој, за …
Continue Reading
Тошковски од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи
Денеска во Министерството за внатрешни работи, досегашниот министер Назим Буши ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот министер Панче Тошковски, кој беше и министер за внатрешни работи во техничката влада. На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на Буши за неговиот досегашен ангажман во министерството.
Continue Reading