Николоски: Уште првиот ден наидовме на пустош, но ветувам дека Кичево – Охрид ќе биде завршен до 2026-та година

„Не сакам да давам рокови, ние во нашата програма напишавме до крајот на 2026-та година, што мислам дека е реален рок. Јас секако ќе направам се заедно со мојот тим и заедно со новиот директор на ЈП за државни патишта, бидејќи сметам дека постојниот нема капацитет да го води тоа претпријатие“, истакна Александар Николоски, министер за транспорт и потпретседател на …

Continue Reading

Муцунски се сретна со Вархеји: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, во Луксембург. Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјава. „Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следи ќе преземеме низа …

Continue Reading

Претседателката Сиљановска Давкова ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада

  Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада, при што упати честитки за нивниот избор, посакувајќи им успешна работа во исполнувањето на стратешките цели на државата, економски напредок и подобрување на животниот стандард на граѓаните.   Претседателката изрази очекување од новиот владин состав совесно, чесно и одговорно да ја реализира поставената програма …

Continue Reading

Муцунски од Луксембург: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е геостратешка инвестиција во мирот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на потпретседателот на Европската Комисија и високи претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борељ, учествуваше на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ со земјите партнери од Западен Балкан. Муцунски во обраќањето ја истакна посветеноста на новата влада за забрзување на темпото на …

Continue Reading

Тошковски: Ќе преземеме мерки за секој граѓанин да го извади својот документ достоинствено и во разумен рок

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во својот прв работен ден оствари работни посети во Одделението за управни работи Скопје во зградата на МРТ и пунктот „Пролет“ со цел непосредно запознавање со фактичката состојба во делот на издавање на личните документи. „Многу ми е жал што морам да констатирам дека состојбата со издавањето на лични документи не е онаква каква …

Continue Reading

Примопредавање на функција помеѓу Маричиќ и Муртезани

Во просториите на Министерството за Европски прашања денеска е направено формално приморедавање на должноста, каде што новоназначениот Министер за Европски прашања, Орхан Муртезани, официјално ја превзеде функцијата од неговиот претходник, Бојан Маричиќ. Маричиќ, го информираше Муртезани за делокругот на работата на институцијата и му посака успех на Орхан Муртезани во понатамошниот пат кон европските интеграции на земјата. Новоименуваниот министер ја …

Continue Reading

Бесар Дурмиши ја презеде функцијата министер за економија и труд

Денеска во Министерството за економија, Бесар Дурмиши ја презеде функцијата министер за економија и труд. Добредојде во министерството и успех во извршувањето на функцијата му посака државниот секретар Размена Чекиќ Дуровиќ. Новиот министер порача дека ќе работи на подобрување на стандардот на граѓаните за подобар и простоен живот и на отварање на нови работни места . Дурмиши на својот прв …

Continue Reading

Нема да има фудбалчиња во кабинети, нема да ни се случуваат „ролс ројс“ и „мајбах“ возила, порача Мицкоски на првиот работен ден

Очекувам убави денови и тоа е нашата порака дека ќе градиме онаму каде што овие пред нас оставија неуспешни проекти и паметници на едно лошо корумпирано време, порача премиерот Христијан Мицкоски на првиот работен ден. Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Штип, Мицкоски денеска информира дека првата владина седница ќе се одржи кон крајот на неделата. Донесени ќе бидат, …

Continue Reading

Гаши на Меѓународниот ден на бегалците: Горд сум што државата покажува голема емпатија

Собранието, во соработка со УНХЦР, го одбележа Светскиот ден на бегалците – 20 јуни, со пригоден настан што го отвори претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши. Во своето воведно обраќање, Гаши истакна дека оваа година се одбележуваат 30 години од ратификацијата на Конвенцијата за статусот на бегалците на Обединетите Нации, но и цели три децении од формирањето …

Continue Reading