Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда, ветува враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем
Игор Филков ја презеде функцијата- министер за правда. Министерот најави дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, деполитизација на судството и обвинителството, враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и владеење на правото. Во периодот кој следи ќе се обрне поголемо внимание на измените на Законите за …
Continue Reading
Мисајловски ја презеде функцијата министер за одбрана: реформските процеси ќе бидат на врвот на агендата
Денеска во Министерството за одбрана се одржа церемонија на која Владо Мисајловски ја презеде функцијата министер за одбрана од досегашниот заменик министер за одбрана Тирон Јајага. Во своето прво обраќање пред вработените во Министерството за одбрана и Армијата, министерот Мисајловски истакна дека се обврзува дека ќе работи на јакнење на меѓународниот углед и позицијата на државата, а главен приоритет ќе …
Continue Reading
(Видео) Примопредавање во Владата: Мицкоски ја презеде премиерската функција
Во Владата на Република Северна Македонија, досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски. По пристигнувањето, премиерите имаа кратка средба во премиерскиот кабинет. Досегашниот премиер, Џафери, му го честиташе стапувањето на премиерската должност на новоизбраниот претседател на Владата, Мицкоски, пришто му посака успешна и ефикасна работа, во интерес на сите граѓани …
Continue Reading
Герапетритис: Флагрантно кршење на Договорот од Преспа од страна на раководството на Северна Македонија
Одлуката на државното и политичкото раководство на Северна Македонија да не се користи „уставното име на земјата во јавниот дискурс дома“ претставува флагрантно кршење на Договорот од Преспа, истакна министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис, кој присуствуваше на Советот на министрите во Луксембург. Герапетритис подвлече дека „почитувањето на меѓународното право и меѓународните договори е основа на меѓународниот мир и безбедност …
Continue Reading
Левица: Уапсени моќници со дрога, блиски до Максим и ЗНАМ во Охрид
Во текот на минатата недела, во акција на Охридската полиција, со поголема количина дрога беа уапсени три лица, кои се директни поддржувачи и финансиери на партијата на Максим Димитриевски. На трите лица им е изречена и мерка притвор, велат од Левица. „Иако се работи за поголема акција на полицијата, иако праксата на МВР е задолжително да ја информира јавноста – …
Continue Reading
Првиот ден како Министер за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски на маса со министрите за надворешни работи на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на првиот ден од почетокот на мандатот, патува за Луксембург, каде ќе учествува на Состанок меѓу министрите за надворешни работи на Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Настанот се одржува во рамки на Советот за надворешни работи на ЕУ, а во организација на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник …
Continue Reading
Избрана новата Влада на чело со Христијан Мицкоски
Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани беше изгласана новата Влада. Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а ова е 20-та влада од осамостојувањето на Македонија. Во Владата ќе има 23 министри, а од нив пет ќе бидат и вицепремиери. Мицкоски во заклетвата го користеше уставното име Република Северна Македонија, претходно појаснувајќи дека придавката Северна за него е …
Continue Reading
Мицкоски: Ќе ја кажам срамната придавка, во моментов сум немоќен
Луѓето што ме знаат, тие знаат дека мојот збор планина тежи. Ќе правам се додека сум жив неправдата да ја исправам, во овој момент сум немоќен. Ќе морам да ја кажам таа срамна придавка, изјави мандаторот Христијан Мицкоски на седницата за избор на нова Влада. Тој рече дека нападите што ги слуша овие два дена се сведуваат на две тези …
Continue Reading
Европскиoт фронт нема да гласа за новата влада
Европскиот фронт ја напушти седницата за избор на нова влада и нема да учествува во гласањето. Зијадин Села на прес-конференција рече дека мнозинството е делегитимирано кај албанското гласачко тело и другите етнички заедници. Тој рече дека напуштањето на седницата е во знак на револт поради кратењето на листата на пријавени за дискусија. Новата Влада ќе биде изгласана најдоцна до полноќ, …
Continue Reading