Мисајловски во работна посета на САД на средби во Пентагон

misajlovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски заедно со Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски, ја предводат македонската делегација која од денес е во работна посета на Соединетите Американски Држави.



Повод на посетата се годишните билатералните одбранбени консултации меѓу двете земји.

За време на посета на министерот Мисајловски ќе оствари средби со високи официјални претставници на Пентагон и вооружените сили на САД.

Билатералните консултации на експертските тимови на Пентагон и на Министерството за одбрана се во насока на продлабочување на сојузничката одбранбена соработка помеѓу двете земји, која се одвива преку континуираните програми за поддршка на одбранбените реформи, процесот на модернизација на македонската Армија, заеднички обуки и вежби.

САД се наш стратешки партнер кои од 1996 година континуирано ја поддржуваат македонската одбрана во развојот на капацитетите на нашата Армијата, соопштуваат од Министерството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK