(Видео) Советниците на СДСМ од истокот против рудниците: Македонија не е на продажба

Советниците на СДСМ од истокот уште еднаш го креваат својот глас против рудниците кои се закана за здравјето, земјоделството и животната средина. На денешната јавна расправа отворено и аргументирано ќе се спротивставиме на новиот Нацрт-план за просторно планирање на Владата на Мицкоски, изјави Весна Ристовска, координатор на советничката група во општина Пробиштип на СДСМ. „Еве што значи овој план за источниот …

Continue Reading

(Видео) Нумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте, одговорност од Тошковски

Скандалот со договореното пуштање на Ива Михаилова мора до крај да се расчисти, со докази и со утврдување кривична и политичка одговорност, изјави Александар Наумоски – член на Извршниот одбор на СДСМ. „Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара. Скандалот со договреното пуштање на Ива Михаилова мора до крај …

Continue Reading

Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките

По повод Меѓународниот ден на руралната жена, раководителката на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) при Левица, Евгенија Станкоска, на денешната прес-конференција најави дека Левица повторно ќе го поднесе Предлог-законот со кој се бара индивидуалните земјоделки да добијат законски загарантирано право на платено породилно отсуство. Предлог-законот беше поднесен во 2023 година, но тогашната власт предводена од СДСМ не го усвои. Три …

Continue Reading

„Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот ‘под радар’ за пуштање на Михаилова“, велат од СДСМ

„Наместо одговорност за пуштањето на Ива Михаилова, граѓаните повторно гледаат како Мицкоски го штити Тошковски. Нема одговори како обвинета, со одземени македонски и бугарски пасош успеала да ја напушти државата. Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е ‘швајцарско сирење’“, велат од СДСМ. „А кој е надлежен за границата? Тошковски. Срамота е министерот што ја води полицијата, која ја обезбедува …

Continue Reading

Апасиев се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет во Собранието на Република Македонија оствари средба со претставници на Здружението „16 март 2025 – Кочани“. „На средбата се разговараше за текот на судскиот процес против обвинетите за кочанската трагедија, како и за можностите за продолжување на собранискиот процес за …

Continue Reading

(Видео) Битиќи до Јанкуловски: Како ќе им помогнете на граѓаните откако го одбивте нашиот предлог за 600 евра минимална плата?

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница за опозициски пратенички прашања, нагласи дека Владата на ВМРО го одби предлогот на СДСМ за минимална плата од 600 евра, смисли „розова“ потрошувачка кошничка, а граѓаните секој месец се соочуваат со сè поголем јаз меѓу платите и трошоците за живот и едвај врзуваат крај со крај. Во отсуство на министерката за …

Continue Reading

(Видео) Апасиев до Мицкоски: Дали државата ја водите како премиер или како менаџер на фамилијарниот бизнис

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, упати прашање до премиерот Мицкоски. Апасиев побара одговор за можниот судир меѓу, како што рече, приватните економски интереси на премиерските роднини и вршењето на јавната власт. Во фокусот на неговото излагање беше Јорданчо Јанев – Дано, во јавноста веќе познат како баџанак на Мицкоски. Според податоците …

Continue Reading

(Видео) Талески: ВМРО ветуваше земјоделска преродба, а донесе земјоделски пустош

Македонското земјоделство се наоѓа во катастрофална состојба, земјоделците се соочуваат со ниски откупни цени, високи производствени трошоци и неизвесен пласман, а сè повеќе производители се откажуваат од земјоделството, нагласи пратеникот од СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница во образложението на предлог – Законот за финансиска поддршка на земјоделство, што беше поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Талески …

Continue Reading

(Видео) „Сè е фарса, ја пуштија Михаилова сега глумат дека ја бараат – Мицкоски го штити Тошковски“, вели Штерјова

„’Од брат да ми е ќе одговара’ – до никој не одговара! Мицкоски го штити Тошковски. И обратно, Тошковски го штити криминалот на арамијата и Организираната криминална група. Сè што власта прави е фарса. Зад грбот на народот, под маса, „под радарот“ се договорија со Бугарија и ја пуштија Ива Михаилова преку граница“, вели Кети Штерјова од СДСМ. „Наместо одговорност …

Continue Reading