(Видео) Советниците на СДСМ од истокот против рудниците: Македонија не е на продажба


2-4.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советниците на СДСМ од истокот уште еднаш го креваат својот глас против рудниците кои се закана за здравјето, земјоделството и животната средина. На денешната јавна расправа отворено и аргументирано ќе се спротивставиме на новиот Нацрт-план за просторно планирање на Владата на Мицкоски, изјави Весна Ристовска, координатор на советничката група во општина Пробиштип на СДСМ.


„Еве што значи овој план за источниот регион. Планираниот рудник во планинскиот предел Кадиица, се наоѓа во заштитениот предел на Малешвијата, со специфично ендемски видови на растенија. Како е можно да се планираат рудници во заштитени подрачја, без да се прикаже јасно влијанието врз природата и луѓето? Зошто не е приложена карта на која ќе се види јасно преклопувањето на Кадиица со зоните на Малешево, водните извори, земјоделското земјиште, населените места и туристичките локалитети?“, праша Ристовска.

Таа додаде дека рударските активности ќе ги загрозат водата, земјиштето и здравјето на граѓаните.

СПоред Ристовска, отворањето рудник за метали на Плавица носи ризик од долгорочна еколошка катастрофа – потенцијално загадување на подземните и површинските води, уништување на биодиверзитетот и директна закана за здравјето на граѓаните.

„Во просторниот план се предвидува дека Општина Пробиштип до 2040 година ќе изгуби дури 29,4% од населението и ќе се соочи со социјален колапс. Значи, во документот се предвидува масовно иселување, а како решение за град што се празни се нуди нов површински коп за метали. Прашуваме за кого тогаш ќе се отвора овој рудник и кој ќе работи? За увезената рака од Непал или Бангладеш? Пробиштип е ставен во заштитениот предел на Осоговските Планини. Како тогаш ќе се усогласат заштитата на природата и тешката рударска индустрија во ист простор?“, рече таа.

Дополнително, додаде Ристовска, во планот јасно се наведува дека за постојното јаловиште од рудникот Злетово се потребни итни мерки за рекултивација и процена на здравствениот ризик за граѓаните.

„Како тогаш Владата планира нова рударска експанзија со дури 90 милиони тони руда на Плавица, кога претходно не е санирана и отстранета постојната еколошка штета во Пробиштип? И најзагрижувачки во планот се проектира дека вкупната површина под експлоатација на критични минерали во државата до 2040 година ќе се зголеми пет пати – од 2 на 10 квадратни километри. Тоа значи проширување на рудните копови на 10 квадратни километри. Нема крајни граници на експлоатацијата“, рече Ристовска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK