Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка – стап и морков, велат од СДСМ

Прво рече: нема поскапување на струјата. Тој е „институција“ и гарантира. Штом зине – лаже. Сега цената останува иста до крајот на годината. Нема промени во тарифните блокови. Претходно рече: бараме модел. Еве го моделот. Ќе биде поскапо после Нова година. Денеска самиот рече: за тоа што ќе се случува од 1 јануари, да почекаме што ќе кажат енергетските компании. …

Continue Reading

(Видео) СДСМ обвинува за партизација на Судскиот совет и бара повлекување на предложените кандидати

СДСМ денеска обвини дека премиерот Христијан Мицкоски се обидува да воспостави целосна контрола врз правосудството преку избор на партиски поврзани кадри во Судскиот совет. На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, побара повлекување на предложените кандидати Емилија Алексовска и Џоко Диков. „Мицкоски го турка неговиот план да избира нови судии од тефтерчето. Тоа го прави веќе две …

Continue Reading

Мојсоска: Мултиполарноста како реална шанса за суверена политика на Македонија

Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, имаше обраќање на „Форумот за размена меѓу законодавци“, организиран од Народната асоцијација на Кина за пријателство со други држави Chinese People’s Association for Friendship with Foreign Countries. Таа истакна дека појавата на мултиполарен светски поредок отвора историска можност за државите во развој да излезат од позицијата на економска периферија и да изградат сопствен, суверен развоен …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Економско-финансискиот совет на Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Економско-финансискиот совет на Политичката партија Левица одржа состанок на кој беа присутни пратеникот Борислав Крмов, координаторот на сектор финансии Марјан Димитриев, координаторот на сектор политичка економија Дамир Хајрединовиќ и останати членови. На состанокот беа разгледани состојбите во јавните финансии, задолжувањето на државата, инфлацијата, животниот стандард на граѓаните и перспективите за економскиот раст. „Задолжувањето не може да биде замена за развојна …

Continue Reading

„Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?“, прашува СДСМ

„Државата повторно излегува на пазар да се задолжува. 92 милиони евра државни хартии на 20 октомври. Уште едно задолжување, уште една бројка, уште милиони. Уште една дупка. Уште еден кредит што граѓаните ќе го враќаат. Колку уште? Четири милијарди евра Мицкоски направи долгови за две години“, велат од СДСМ. „Половина од долгот од независноста. Втор ребаланс, трет најавен. Секоја недела …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Мицкоски направи 4 милијарди евра нов долг за две години – должничко ропство за идните генерации

Мицкоски направи 4 милијарди евра нов долг за две години, тоа е должничко ропство за идните генерации, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на завршниот митинг во Брвеница. Тој предупреди дека последиците од ваквото задолжување ќе ги чувствуваат и идните генерации, додека граѓаните не гледаат подобар животен стандард. Филипче посочи дека покрај новиот долг, сериозен проблем се и продлабочениот …

Continue Reading

Филипче: Ветуваа правда, а никој не одговара, границата е „швајцарско сирење“

Ветуваа правда, ништо, ветер и магла! Границата е швајцарско сирење. Денеска, никој не одговара, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Брвеница, обвинувајќи ја власта за неисполнети ветувања за правда и за понижување на граѓаните со случајот со преминувањето на границата. „Погледнете што се случува овие денови во државата. Отиде Тимчо предавникот во Софија, под радарот, што договориле, видовме. Ива …

Continue Reading

Левица: Македонија треба да преговара со институциите на ЕУ, а не да прифаќа билатерални уцени

Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата во преговорите со Бугарија е политичка манипулација и извртување на самиот поим „национално единство“. Преговори со Бугарија не се исто што и преговори со Европската Унија, а самото прифаќање на билатерални преговори со Софија веќе претставува политички став, а не некаква неутрална и стандардна процедура, велат од Левица. „Национално единство не се гради …

Continue Reading

Нов Луна парк само на хартија, раскинат е договорот со фирмата, Градот без официјално образложение, велат од Левица

Скопје речиси една деценија е без Луна парк, а ветувањето за изградба на нов забавен парк со години се повторува во предизборните програми на градските власти. И актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски најавуваше реализација на овој проект, но наместо конкретни резултати, скопјани сè уште чекаат одговор кога конечно ќе добијат нов Луна парк, реагираат од Левица. „Иако во мај годинава Град …

Continue Reading