На свлечиштето во центарот на Скопје бил затрупан багер но багеристот навреме излегол, бандера паднала врз кола: МВР со детали за вчерашниот инцидент

Вчера околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло. Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и …

Continue Reading

Меџити: Се отвори спортскиот базен во Чаир

Денеска беше официјално отворен спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, која веќе им е ставена на располагање на граѓаните на Општина Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој проект долги години бил едно од најголемите барања на граѓаните и дека денес добива конкретна форма …

Continue Reading

Најстроги санкции по свлечиштето на „Теодосиј Гологанов“, нема толеранција за несовесни инвеститори, најави Герасимовски

Општина Центар информира дека во текот на вчерашниот и денешниот ден, инспекциските служби на Општината, во координација со Министерството за внатрешни работи, Државниот градежен инспекторат и стручните служби од Секторот за урбанизам, постапуваа на терен по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано свлечиште и оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина …

Continue Reading

Контејнери за органски отпад ќе бидат поставени во скопските општини каде што масовно се празнува Курбан Бајрам

Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот). Садовите ќе бидат поставени во текот на денешниот ден, по 14 часот. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените …

Continue Reading

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

Денеска (25.05.2026) во периодот од 10:00 до 18:00 часот од страна на полициски службеници од ОБПС при СВР Скопје и ОП СЕО беше спроведена засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли. При тоа санкционирани се 116 возачи, од кои 64 за некористење кацига, 13 за управување мотоцикл без положен возачки испит, …

Continue Reading

Герасимовски за свлечиштето во Центар: Обезбеден просторот и санкциониран инвеститорот, итна реакција на општината

Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со МВР, веднаш излегоа на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. „По извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа и …

Continue Reading

(Видео) Свлечиште на градилиште во Скопје: оштетена инфраструктура, кабли за струја

Иницијативата „Во одбрана на Буњаковец“ на социјалните мрежи објави фотографии и видео и предупреди за свлечиште на спојот меѓу улицата „Христо Смирненски“ и булеварот „Теодосиј Гологанов“, кај поранешен „Иво Лола Рибар“ во Скопје. Како што наведуваат во објавата, дошло до колапс на земјиштето под асфалтот во близина на ново градилиште, за кое тврдат дека работело и за време на државниот …

Continue Reading

Тело на маж најдено во летниковец на Водно

  Телото на 64-годишен скопјанец било пронајдено синоќа во летниковец на Средно Водно, на местото познато како „Видиковец“, откако претходно бил пријавен за исчезнат. Станува збор за Б.П. од Скопје, кој според пријавата се оддалечил од својот дом пред да биде пронајден без знаци на живот. На местото интервенирала Итна медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта. По наредба на …

Continue Reading

Маж нападнал дете во училиште во Илинден

Маж е осомничен дека физички нападнал дете во дворот на основно училиште во Илинден, откако претходно неговиот син влегол во расправија со соученик. Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, инцидентот се случил на 22 мај, кога момчето го повикало својот татко по недоразбирање со врсник во училишниот двор. Кога пристигнал во училиштето, осомничениот најпрво почнал да му упатува навреди, …

Continue Reading