Контејнери за органски отпад ќе бидат поставени во скопските општини каде што масовно се празнува Курбан Бајрам


organski-otpad.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот).


Садовите ќе бидат поставени во текот на денешниот ден, по 14 часот.

ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото исфрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина.

Список на локации каде што ќе бидат поставени контејнерите за одлагање органски отпад:

1. Општина Шуто Оризари – автобуска станица на последна 19-ка; кај маркет Харбин.

2. Општина Бутел – во близина на џамијата Бедр – Бутел 1.

3. Општина Гази Баба – гробишта Камник и во непосредна близина на џамијата во населба Ченто.

4. Општина Чаир – во близина на ресторанот Фа-Фа; во близина на новата џамија во Чаир; во близина на џамијата во Тенеке маало; во близина на Теќето во Дуќанџик; раскрсница бул.Адем Демачи со ул.Дижонска и на раскрсница ул.Џон Кенеди со ул.22 Ноември.

5. Општина Сарај –кај езерото Треска.

6. Општина Арачиново – на излезот, во близина на гробиштата.

7. Општина Студеничани – во селата Студеничани, Моране и Батинци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK