Герасимовски: Стихови и музика во Центар, објавен е јавен повик за реализирање на Светскиот ден на поезијата
Општина Центар објави Јавен повик за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“, со цел достојно одбележување на 21 Март, денот кога ширум светот се слави поетскиот збор. Настанот има за цел да ја афирмира македонската поезија, да ја истакне нејзината вредност и да го потврди безвременскиот карактер на делата на македонските поети. Во рамките на проектот се предидени содржини …
Continue Reading
Општина Илинден: Засилени активности за чистење и редовно одржување на каналската мрежа и речните корита
Општина Илинден продолжува со засилени активности за чистење и редовно одржување на каналската мрежа и речните корита на својата територија, со цел зголемување на проточноста и намалување на ризикот од поплави, информираат од општината. Во изминатиот период беше реализирано чистење на коритото на Сува Река, на потегот од вливот на „Бучинско езеро“ до излезот од населеното место Бучинци, во должина …
Continue Reading
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Continue Reading
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на …
Continue Reading
Герасимовски: Инспекторите се на терен, санкции за сите што немаат одобрение за урбана опрема
Општина Центар ги повикува сите правни субјекти и сопственици на угостителски објекти навремено да ја проверат и подготват целокупната документација за поставената урбана опрема на јавните површини. Инспекциската служба на Општина Центар, спроведува интензивни теренски контроли за утврдување дали терасите, настрешниците, шанковите, перголите, параваните, застаклените конструкции и другата урбана опрема се поставени со важечко одобрение и согласно издадената документација. За …
Continue Reading
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, пштина Бутел), Топанско Поле и дел од Чаир, (Општина Чаир) и Шуто Оризари и Визбегово. (Општина Шуто Оризари). · од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви …
Continue Reading
Промовиран првиот историски весник за Општина Кисела Вода
Денес, во Големата сала на Општина Кисела Вода, се одржа свечената промоција на првиот историски весник за Кисела Вода. Овој настан е дел од проект посветен на зачувувањето на локалното културно-историско наследство, насловен „70 години Кисела Вода – историја и култура што не се заборава“. На настанот покрај градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, говореа Билјана Јанева од Институтот за економски стратегии …
Continue Reading
Герасимовски: Салата „Работнички“ ги отвори вратите за македонските репрезентативци, очекуваме победа против Луксембург
Македонските репрезентативци интензивно тренираат и се подготвуваат за претстојниот дуел со Луксембург, а подготовките ги одржуваат во реконструираната спортска сала „Работнички“. „Ми претставува големо задоволство што токму нашата сениорска селекција имаше можност прва да зачекори на новиот паркет во реконструираната сала. Сите се надеваме на победа во петок, прва победа по вчерашното отворање на салата. Горд сум што Општина Центар …
Continue Reading
Бесплатен интернет во новиот парк-плоштад во Марино
Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во Марино. „Проектот е дел од иницијативите за унапредување на дигиталната поврзаност во регионот на Западен Балкан и претставува значаен чекор кон модернизација на јавните простори и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Со …
Continue Reading