Град Скопје започна со обновување на јавните површини во центарот

Градот Скопје соопшти дека продолжува со интензивни активности за обновување на јавните површини и подобрување на урбаниот амбиент, со фокус на централното градско подрачје. Од Градот наведуваат дека се работи на локации кои со години биле занемарени и без основно одржување, со цел да им се врати функционалноста, безбедноста и достоинствениот изглед. Според соопштението, градските служби координирано интервенираат на простори …

Continue Reading

Кисела Вода и Агенцијата за катастар на недвижности: Засилена соработка за поефикасна услуга

Денес во општина Кисела Вода се одржа средба меѓу градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, Иван Живковски. Како што известуваат од Општината, разговорот бил насочен кон зајакнување на соработката меѓу двете институции, со фокус на подобрување на услугите кон граѓаните, поголема достапност до податоци и унапредување на дигиталните процеси. На средбата …

Continue Reading

Герасимовски: На буџетскиот форум центарци побараа повеќе зеленило и уредување на потегот кај Зелен пазар

Општина Центар го одржа вториот буџетски форум, каде граѓаните покажаа голем интерес и активно учествуваа во дефинирањето на приоритетите за 2026 година. Форумот, што се одржа во ООУ „Димитар Миладинов“, помина во конструктивна атмосфера со отворена дискусија меѓу администрацијата, раководството на општината, советниците и присутните жители, велат од општина Центар. Граѓаните предлагаа иницијативи и проекти што им се потребни во …

Continue Reading

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје – Го шириме зеленото срце на градот

Минатата година под иницијативата „Растеме заедно“, Иуте Македонија го означи почетокот на едно од своите најзначајни еко-поглавја, со пошумување на детско игралиште во Општина Гази Баба и создавање зелена урбана зона која денес расте, се развива и ја облагородува заедницата. Оваа година, приказната продолжува и се надградува. Во партнерство со Општина Аеродром и нашите долгогодишни пријатели Man & Mountain, беше …

Continue Reading

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост на градот да се користи како безбеден, заштитен и привремен дом за жртвите на семејно и родово базирано насилство. Овој простор ќе овозможи итен смештај, стручна поддршка, советување и целосна грижа сè до стабилизација на ситуацијата и изнаоѓање трајно решение. …

Continue Reading

Пазарот на недвижности пораснал за 15 отсто – Аеродром со најмногу продажби, Кисела Вода со најголем скок на цените

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ целата држава, најголемиот дел од активностите се концентрирани во неколку скопски општини. Според податоците од Агенцијата за катастар на недвижности, Аеродром е општината со најмногу купопродажби – 562 трансакции, веднаш зад неа е Гази Баба со 555, а Карпош со …

Continue Reading

Почна изградбата на мултифункционалниот центар во Општина Аеродром

Почна изградбата на мултифункционалниот центар во Општина Аеродром, кој е целосно финансиран од Владата. Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека овој објект ќе биде додадена вредност во културниот живот не само во Општина Аеродром туку и во Скопје. „Општина Аеродром генерално беше прилично амбициозна што се однесува до проектите коишто ги финансира Владата и во првиот и во вториот повик некаде …

Continue Reading

Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици

Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици, кажа на денешната седница на Советот на градот Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „На денешната седница на Советот на градот Скопје, го потврдив она што го ветив во мојата кампања, дека започнуваме со целосна енергетска трансформација на образовните институции. Секое средно училиште на територијата на градот ќе добие сопствен фотоволтаичен систем до крајот …

Continue Reading

Кисела Вода – првата скопска општина со целосна виртуелна прошетка

Општина Кисела Вода е првата скопска општина која доби целосна 360° виртуелна презентација, преку новиот дигитален проект „Општина Кисела Вода НА ДЛАНКА – 360°“. Проектот претставува современ начин на претставување на општината, кој овозможува граѓаните, учениците, посетителите и туристите виртуелно да се движат низ Кисела Вода и да ги истражуваат најзначајните образовни, културни, спортски и духовни локации. Со над 500 панорами снимени од воздух и од земја, меѓусебно …

Continue Reading