Меџити ги пречека делегациите на „Фолк Фест“ во Општина Чаир
Во пресрет на финалната вечер на 8. издание на „Фолк Фест“, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес ги пречека организаторите и претставниците на ансамблите учесници од Мексико, Парагвај, Порторико, Грузија, Литванија, Бугарија, Турција, Романија, Полска, Естонија, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина. За време на средбата, делегациите ги претставија традициите и културите на земјите од кои доаѓаат, а беше …
Continue Reading
Општина Кисела Вода почнува постапка за обесштетување на граѓаните погодени од невремето
Општина Кисела Вода започнува процедура за обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјални штети од силното невреме што го погоди подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година. По одржаниот координативен состанок со Градот Скопје, во Општина Кисела Вода итно се формираше Комисија за утврдување на фактичката состојба на терен. Со ова започнува процесот за прием на барања, што е …
Continue Reading
Герасимовски: Општина Центар ќе обезбеди финансиска поддршка за штетите од невремето
По иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар е предложена дополнителна точка со која ќе се утврдат начинот и условите за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме што го зафати градот на 21 јули. „Уште од првиот ден сме на терен со сите наши …
Continue Reading
Општина Аеродром објави повик за пријавување штети од невремето
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули. Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк: https://shorturl.at/L3rcJ Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на …
Continue Reading
(Фото) Стефковски: Училиштето „Крсте Мисирков“ во Ченто ќе ги отвори вратите на почетокот на учебната година
Изградбата на основното училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто влегува во својата завршна фаза, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Она што го затекнавме е навистина охрабрувачко. Градежните работи се одвиваат според предвидената динамика и проектот влегува во својата завршна фаза. Паралелно со изградбата, во финална фаза е и постапката за набавка на нов училишен инвентар, со што учениците …
Continue Reading
(Фото) Засадени нови дрва во Градскиот парк, се санираат последиците од невремето
Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк. Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека по вчерашната голема акција за расчистување, денес почнува садењето на 60 нови садници јавор и јасен. „Тие ќе донесат …
Continue Reading
Општина Чаир донира вода за пиење за граѓаните на Гостивар
Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со вода за пиење во Гостивар, Општина Чаир испрати количина вода за пиење со цел да им помогне на граѓаните погодени од актуелната состојба“, соопштија од Општината. Додаваат дека помошта претставува придонес во справувањето со тековните потреби на жителите. Во соопштението …
Continue Reading
Преку солидарен фонд, Град Скопје ќе им помогне на граѓаните кои претрпеа штети од невремето
Скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје денеска одржаа состанок на кој ги сумираа штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град. Градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, кажа дека Градот Скопје има свој солидарен фонд во кој што има обезбедено средства за обештетување на граѓаните при вакви состојби. „Вчера беше исклучително тежок ден за Скопје. Орканскиот ветер, …
Continue Reading
Индија ни подари биста на Махатма Ганди, поставена е во Музејот на Град Скопје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, присуствуваа на церемонијата на откривање на бистата на Махатма Ганди во Музејот на Град Скопје, подарок од пријателска Индија и ја посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза. Сиљановска-Давкова оцени дека бистата на Махатма Ганди, е израз на заемна почит и долгогодишно пријателство меѓу двете држави. Според неа, Махатма Ганди, како апостол …
Continue Reading