Од синоќа, во текот на целата ноќ, како и денес, екипите на Општина Чаир продолжуваат со работа на терен за санирање на последиците од невремето и што побрзо нормализирање на состојбата во погодените подрачја, соопштија од Општината.
Сезонските работници, две екипи за сечење и кастрење дрвја, компанијата ангажирана од Општината, како и четири камиони, континуирано се ангажирани на расчистување на секундарните улици и јавните површини, како и на отстранување на гранките, паднатите дрвја и другиот отпад.
Активностите се реализираат во координација со ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“. Екипите ќе продолжат со работа до завршување на сите неопходни интервенции и целосно нормализирање на состојбата.