Во текот на вчерашната ноќ и утринава, ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што вчера го зафатија градот.
Појаснуваат дека во координација со Градот Скопје, екипите на Претпријатието се реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Се реализираат рачно и машинско метење и миење, а екипите на Претпријатието се ангажирани и за повторно поставување на садовите за одлагање на отпадот што беа изместени во текот на невремето“.
Активностите, според најавеното, ќе продолжат во текот на целиот ден, во насока на целосно санирање на последиците од невремето.