Неделен извештај: Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажа последниот неделен извештај на лабораторијата на Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Испитувани се 147 примероци за физичко-хемиска и исто толку за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 места во главниот град, за период од 2 до 5 мај, и сите одговараат на Правилникот за …

Continue Reading

Жителите на скопско Бојане без вода

Од 9:00 часот денеска без вода ќе бидат корисниците од скопското село Бојане во Општина Сарај. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради чистење на резервоарот во селото Бојане. Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Continue Reading

Прекин на водоснабдувањето на дел од корисниците на ул. Гемиџиска до раскрсница со село Ракотинци

– Од ЈП Водовод и канализација-Скопје информираат дека денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.8 до ул.16 парните броеви и дел од ул.7 и ул.1 потегот ул. Гемиџиска до раскрсница со село Ракотинци. Прекинот на водоснабдувањето е поради дефект приклучна цевка на ул.14/8а во село Сопиште. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:20 часот до санирање на дефектот.

Continue Reading

Времен режим на сообраќај на улица „Даме Груев“ поради изведба на градежни активности

– Поради изведба на градежни активности за асфалтирање со порамнителен слој на асфалтна маса на улицата „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“, во периодот од 8 до 15 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај. Од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје информираат дека времениот режим ќе биде обележан со …

Continue Reading

Во Скопје денеска посебен режим на сообраќај

– Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќај поради одржување на улична трка на 10 километри насловена како „Халк Еко Скопје трча 10К“, во организација на Сојуз на спортови на Скопје. Со почеток во 08.30 часот до 10.30 часот стартна позиција е на бул.„Илинден“– локација Фонтана, а натпреварувачите ќе …

Continue Reading

Училиштето „Конгреси и Манастирит“ во Чаир од денеска со фотоволтаичен кров, Ганиу најавува уште седум соларни кровови во училиштата и градинките

– Во Основното општинско училиште „Конгреси и Манастирит“ во Општина Чаир, денеска беше пуштен во употреба фотоволтаичниот кров, кој се очекува во текот на годината да произведе енергија од 26.195 kWh, а заштедата на електрична енергија може да достигне и до 50 проценти. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, како што соопштија од Општината, во оваа прилика објаснил дека со пуштањето во …

Continue Reading

Општина Кисела Вода го празнува патрониот празник Ѓурѓовден

– Со забавни и разновидни содржини за сите генерации, Општина Кисела Вода денеска го празнува  својот патронен празник Ѓурѓовден. Децата ги забавува најпознатиот детски лик Биби од платформата „Светот на Биби“, се пеат хитовите од детскиот фестивал „Поточиња“, кој годинава слави 20 години постоење. На сцената дечињата се забавуваат со танчерите од Студиотo за танц „Данса Латина Стефи”. Настанот го …

Continue Reading

Малолетен ученик од Чаир вперил играчка пиштол кон ученици

– Малолетен ученик вчера во основно училиште во Чаир извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, по што и го предал на директорката на училиштето, потврдија од МВР за МИА. -Во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, вчера на пладне полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен …

Continue Reading

Пуштено во употреба првото детско игралиште во Јака во општина Илинден

– Пуштено е во употреба првото детско игралиште во населбата Јака во општина Илинден. Во рамки на игралиштето поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, пристапна патека, поставени се клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина. Како што соопшти Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски го посетил детското игралиште и истакнал дека конечно и децата од населбата Јака добија …

Continue Reading