Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово беше во посета на ООУ Кирил и Методиј во населеното место Стајковци каде што наставата започна со интонација на химната на Република Македонија.
„Преку интонација на химната на Македонија кај дечињата уште од најмали нозе ја градиме почитта и љубовта кон својата татковина. Сметам дека сите заедно треба да работиме во насока на подигнување на чувството и почитта кон химната и знамето на Република Македонија како репрезенти и симболи на државноста на нашата мила Македонија“, напиша Стефковски на социјалните мрежи.