„Еширихија Коли“ се појави кај фонтаната во парк: „Сакаме да ја подигнеме свеста дека во Скопје нема јавни талети“
Во утринските часови во градскиот парк кај фонтаната ,,Лотос” имаше уште една од повеќето предвидени герили акции од уметникот Озбек Ајваз. Овој пат тој преку скулптура, визуелно ја претставува бактеријата Ешерихија Коли. „Проширувањето на Бактеријата „Ешерихија Коли„ поради недостатокот на јавни тоалети во Скопје, како метропола на оваа држава, претставува сериозна здравствена опасност“, велат активистите. Ешерихија Коли, е патогена бактерија …
Continue Reading
Започна пријавувањето за „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“
– Денеска започна пријавувањето за осмото издание на трката „Халк Еко Скопје Трча 10км“ кое ќе се одржи на 12.05.2024 година. Сите кои сакаат да бидат учесници, ќе може да се пријават најдоцна до 30.04.2024 година. Доколку се пополни предвидениот број на учесници, пријавувањето ќе биде затворено и порано. Право на учество во трките имаат сите државјани на Република Македонија …
Continue Reading
Стефковски: Набавивме механизација за комуналното претпријатие, почнуваме со градба на рекреативен комплекс, ќе се градат и училиште, градинка и спортска сала
Во посета на општина Гази Баба денеска беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Бобан Стефковски промовираа два проекти. „Првиот е комплетно завршен проект, а тоа е набавка на нова механизација за јавното комунално претпријатие кое се состои од камион кипер со носивост до 1.200 килограми, кој што ќе биде наменет за подобрување на состојбата со комунален …
Continue Reading
Отворена младинска канцеларија во општина Илинден
Во просториите на Домот на култура во Марино, денеска беше отворена младинска канцеларија, која има за цел подобрување на квалитетот на живот на младите. На отворањето на младинската канцеларија, покрај младите од општина Илинден, присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски, пришто на младите им посака успешна работа и реализација на предвидените проекти во спроведувањето на локалните младински политики, соопшто општина Илинден. …
Continue Reading
Основното училиште „Мирче Ацев“ добива целосно реконструирана спортска сала
Во последна, завршна фаза, влегува целосното реконструирање на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“ со што сме чекор понапред во унапредување на условите за квалитетно физичко образование кај децата, истакна градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Целосната репарација во првата фаза опфати: менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот …
Continue Reading
Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина
По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на јавна зелена површина за жителите на улица „Киро Крстевски Платник“, во близина на поликлиника Идадија. „Упатувам благодарност до Комерцијална банка што преку оваа донација реши долгогодишен проблем во Општина Центар. Имотот кој општината го добива под владение, првенствено бил во приватна сопственост, а потоа станува имот на банката, …
Continue Reading
164 санкционирани возачи во Скопје, 66 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. „На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 34 санкции за возење под дејство на алкохол…“, велат од МВР. Од таму додаваат дека сообраќајните …
Continue Reading
Без струја Ѓорче Петров и Карпош
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров и Карпош. Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Николај Островски, улицата Антон Чехов, улицата Пелинце, улицата Лазо Дамовски, улицата Австралиска, ОУ „Страшо Пинџур“ во општина Ѓорче Петров ќе немаат струја. Без електрична енергија во периодот од 12.00 до 14.00 часот, …
Continue Reading
Без вода Инџиково, Хиподром и хотел „Белви“
Без вода денеска од 11 часот се корисниците од Инџиково, Хиподром и хотел „Белви“ во Општина Гази Баба. Како што информира jавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на ул.„15“ во селото Инџиково (покрај каналот). Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
Continue Reading