По повод Светскиот ден на туристички водичи: Бесплатно разгледување на Скопје, Охрид и Битола
Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници по повод Светскиот ден на туристички водичи денеска организира бесплатно разгледување на Град Скопје. Разгледувањето на главниот град ќе се одржи во два термина, со почеток во 12 и во 13 часот. Почетна точка е пред Спомен-куќата на мајка Тереза. -Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно-историските знаменитости на Град …
Continue Reading
„Состојбата на „50 девизија“ е слика кога ВМРО-ДПМНЕ даваше дозволи за градба без паркинг места“, реагира општина Центар
„ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар, денеска зборува за хаос во паркирањето, ама не зборува дека директен виновник за тоа е нивното 12 годишно недомаќинско работење во општината. Општина Центар потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ е таа која издаваше дозволи за градба без доволен број паркинг места за потоа истите да ги пренамени во деловни објекти“, реагира општина Центар на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар. …
Continue Reading
Започнува асфалтирање на четири улици во село Драчево
Градежни активности за реконструкција на улиците „Корџевска“, „Домазетовска“, „Мишевска“ и „Чучевска“ од денес се одвиваат во селото Драчево. Овие четири сообраќајници претходно беа опфатени со проектот за изградба на водоводна мрежа, која на жителите од овој дел на општината после декади чекање, им обезбеди квалитетна вода за пиење. Во наредните денови ќе се врши гребење и подготовка, по што ќе …
Continue Reading
Утре бесплатен туристички разглед на Скопје, Охрид и Битола
По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската Асоцијација на туристички водичи и придружници в сабота (24 февруари, сабота) организира бесплатен разглед на градот Скопје. Разгледот ќе се одржи во два термини: со почеток во 12 и во 13 часот со почетна точка пред спомен куќата на мајка Тереза. „Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските …
Continue Reading
ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Тотален хаос на улицата 50 Дивизија
„Негрижата и незнаењето на Горан Герасимовски постојано создава проблеми за центарци! Најнов пример е сообраќајната катастрофа како резултат на необележани улици, не поставување соодветна сигнализација и невоведување резидентно паркирање. Сево ова прави на 50та Дивизија автомобилите да не можат да се разминат, а жителите да се приморани да паркираат по тротоари“, велат од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ. „Но, оваа улица …
Continue Reading
Герасимовски: Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и детското игралиште во населба Пролет
Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба Пролет. Старите и дотраени детски реквизити се заменија со нови. Децата добија нови голчиња, кош, ограда и подлога, а кај детското поставени се нови лулашки, клацкалки, лизгалка, голема дрвена конструкција куќарка, а поставена е и нова клупа за следење на детската игра. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски …
Continue Reading
Славески до Арсовска: Доколку биде доставена предлог-Одлука со која од буџетот на Град Скопје би се донирале средства за Леонид ќе закажам вонредна седница
Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје и одговори на градоначалничката Данела Арсовска на барањето за вонредна седница на Совет на Град Скопје околу случајот со рехабилитацијата на Леонид Индов. Мојот одговор до градоначалникот Арсовска на барањето вонредна седница на Совет на град Скопје околу случајот со рехабилитацијата на Леонид Индов: ПРЕДМЕТ: Одговор, ваш допис допис бр. 27-2143/1 од …
Continue Reading
Кисела Вода изгради нов паркинг и реконструираше сообраќајници во близина на ООУ “Кирил Пејчиновиќ”
Завршени се градежните активности за изградба на паркинг простор во близина на ООУ “Кирил Пејчиновиќ”. Во изминатите две седмици активно се работеше на асфалтирање на површина од окоу 500 квадратни метри, додека на претходно постоечкиот паркинг, се извршија реконструктивни зафати со што го обновивме просторот за паркирање на површина од околу 1600 квадрати. Се рабoти за простор на улицата “Народни …
Continue Reading
Арсовска со иницијатива за помош на младиот Леонид: советниците да донираат еден месечен паушал, а градоначалничката една плата
Скопје е град на солидарноста, Скопје е град на хуманоста, скопјани знаат што значи помошта кога ти е најпотребна, време е уште еднаш да ја покажеме својата хуманост, велат од Град Скопје во врска со случајот на младиот Леонид. „Кога се работи за еден млад живот чекањето не е опција, од таа причина градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денес …
Continue Reading