МВР: 63 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје за еден ден, ja зголемуваме безбедноста во градот

Вчера од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. …

Continue Reading

Пожар во скопските села Соње и Добри Дол, во моментов ситуацијата е под контрола

Центарот за управувњае со кризи (ЦУК) информира дека денеска, од 12:00 часот, пет пожарникари со две противпожарни возила интервенираат на пожар на неутврдена површина во атарот на селата Соње и Добри Дол, во Општина Сопиште. Со пожарот е зафатена ниска вегетација. Од ЦУК нагласуваат дека во моментов ситуацијата е под контрола. Скопските пожарникари денеска интервенираат и поради запалено ѓубре и …

Continue Reading

Автобусите на ЈСП денеска ќе возат по неделен возен ред

ЈСП Скопје известува дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), денеска автобусите ќе возат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред. На ден 28 август, дежурни ќе бидат билетарниците и …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Првпат по 20 години целосна реконструкција на Христо Татарчев крак 1, 7, 9 и 11

Продолжува да се менува ликот на Кисела Вода. За првпат досега се реконструира ,,Христо Татарчев” крак 1, 7, 9 и 11. Се работи за обемен потег на околу 3200 квадратни метри површина. Сообраќајници кои никогаш досега не биле обновени, а таков зафат бил потребен уште пред децении. „Денес работиме на целосна реконструкција на краците 1, 7, 9 и 11 од …

Continue Reading

Sky Bar Панорамика – вашето ново омилено место во Скопје

Дали барате место каде можете да се опуштите, мирно да испиете кафе, да одморите и од каде може да уживате во погледот на цело Скопје? Не барајте повеќе! Во подножјето на планината Водно, веднаш покрај патот ќе го пронајдете бисерот на градот – Sky Bar Панорамика. Скриено од урбаниот метеж и градската бучава, ова е место каде ќе ја пронајдете …

Continue Reading

Општина Илинден отпочна со реконструкција на улиците „9“ и „532“

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктураизградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта отпочнаа градежните активности за реконструкција на дел од ул „9“ и ул „523“ во Марино, извести општина Илинден. „Со градежните работи планирано е да се изврши целосна реконструкција на улицата во должина од околу 820 метри и широчина 6 метри, реконстукција на …

Continue Reading

Eкипите на Комунална хигиена-Скопје подигнаа 100 кубни метри отпад од диви депонии во текот на вчерашниот ден

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 100 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Аеродром и Центар, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје. „Активностите се одвиваа на улиците Христијан Тодоровски-Карпош и Џон Кенеди, како и булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир, во реонот зад ТЦ Капитол во општината …

Continue Reading

Комунална хигиена отстрани уште една дива депонија на Пластичарската улица

Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД. „Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри непрописно одложен отпад. Посочениот реон претставува „црна точка“ каде што веќе подолг …

Continue Reading

Карпош ги стипендира талентираните ученици – спортисти

И во учебната 2024-2025 година, Општина Карпош ќе доделува осуммесечни стипендии во висина од 3.000 и 3.500 денари, за најталентираните основци – спортисти кои учат во VIII и IX одделение, во училиштата на нејзина територија. За таа намена Општината објави и Јавен оглас во печатените медиуми каде прецизно се наведени условите, критериумите, како и начинот на пријавување и поднесување на …

Continue Reading