Се зголемува бројот на напуштени кучиња на територија на гробиштата Бутел, алармира ЈП „Лајка“

Јавното претпријатие „Лајка“ алармира за сериозен пораст на случаи на напуштање на домашни кучиња во околината на градските гробишта Бутел. „Во последниот период, нашите теренски служби и граѓански пријави укажуваат на континуирано напуштање на кучиња од страна на неодговорни сопственици, кои од различни делови на градот ги доведуваат животните на оваа локација и ги оставаат“, велат од таму. Оваа појава, …

Continue Reading

Општина Центар: Градинките ќе примаат деца до 10 години во текот на летото

Општина Центар и ова лето обезбедува згрижување на деца од прво до трето одделение (до 10 години) во детските градинки на подрачјето на локалната самоуправа. Во моментот се згрижени над 100 деца во седум клонови на градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Раде Јовчевски Корчагин“. За упис потребни се апликација, доказ за вакцинален статус и фотокопија од лична карта како …

Continue Reading

Изгаснат пожарот во Трубарево што ги труеше жителите на Гази Баба и Аеродром

По девет часа интензивна работа и посипување на повеќе од 40 камиони земја на локацијата во Трубарево, повеќе нема бел чад, ниту мирис на изгорена пластика, кабли и слични штетни материјали, информира градоначалникот на Општна Гази Баба, Бобан Стефковски. Тој претходно кажа дека причина за загадениот воздух и смрдеата што се ширеше низ општините Гази Баба и Аеродром бил пожар …

Continue Reading

Коријада во Кисела Вода: Собраните средства ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во Кочани

Во паркот „Шопен“ денес се одржа традиционалната манифестација „Коријада“, организирана од Здружението на пензионери на Општина Кисела Вода. На штандовите, посетителите имаа можност да купат бели печива, подготвени лично од членовите на здружението. Средствата собрани од продажбата оваа година ќе бидат наменети за семејствата на настраданите и повредените од трагичниот настан во Кочани. Покрај продажбата на печива, настанот беше збогатен …

Continue Reading

(Видео) Кусакатска: Митески да одговори каде се ветените нови 100.000 метри квадратни зеленило во Аеродром

Пред само 4 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром ветуваше нови 100.000 метри квадратни паркови и зеленило. Нашите сограѓани се сведоци, ниту еден нов парк во Аеродром не е подигнат за 4 години, истакна на прес-конференција Марина Кусакатска од СДСМ Аеродром. Наместо тоа, вели таа, неискосени и пожолтени тревници полни со ѓубре и искршена урбана опрема, се последиците од управувањето на Дејан …

Continue Reading

Стартиот објект на „Мајски цвет“ се руши и се гради нов, Јакимовски најавува модерна градинка по сите стандарди

Започнаа градежните работи, со кои ќе се руши стариот објект и ќе се изгради нов модерен објект на градинката „Мајски Цвет“, во населбата Тафталиџе 1. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истакна дека по повеќе од шеесет години, стариот објект, кој бил од дрвена конструкција, ќе се замени со нов еколошки, енергетски ефикасен, асеизмички отпорен и сместувачки објект за најмалите …

Continue Reading

Герасимовски: Караванот „Се гледаме во маало“ денеска во Песталоци, продолжуваат теренските средби со граѓаните

Од Oпштина Центар најавуваат дека продолжуваат со теренските активности низ маалата, во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, кој денеска (24 јуни) ќе се одржи во дворот на ООУ „Јохан Х. Песталоци“, со почеток од 18:30 до 20:00 часот. Караванот трае до 7 јули, и предвидува низа отворени средби во сите населби на Центар каде директно се разговара со …

Continue Reading

Воздухот во Гази Баба значително загаден, Стефковски побара помош од службите и граѓаните да се откријат сторителите

Во изминатите неколку денови, во делови од Гази Баба беше евидентирано значително загадување на амбиенталниот воздух, што предизвика загриженост кај граѓаните, а особено се чувствуваше во раните утрински часови. По тој повод градоначалникот Бобан Стефковски информира дека од првиот момент кога ја регистрирале оваа состојба, го задолжил Секторот за инспекциски работи дапочне со вонредни инспекциски контроли за откривање на изворите …

Continue Reading

Арсовска: Сопственикот на небезбедната зграда во Чаир упати сериозни закани што се пријавени во МВР

Бујар Аземи – сопственикот на 12-катницата во Чаир за која градоначалничката Данела Арсовска, тврди дека е небезбедна и изградена без документација, одобрение, проект и платени комуналии упатил бројни закани за што е поднесена пријава до МВР, информира Арсовска преку допис до медиумите. Градоначалничката тврди дека досега се пребројани 61 стан во зградата, сите биле незаконски градени, а постои обид да …

Continue Reading