Герасимовски: Нови кошаркарски табли, детски реквизити, канти и клупи на повеќе локации во Центар
Општина Центар продолжува со уредување на јавниот простор и подобрување на условите за рекреација и игра на центарци. Во изминативе денови, поставени се нови детски реквизити и урбана опрема од канти и клупи на неколку локации низ општината, соопшти градоначалникот, Горан Герасимовски. Во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ се поставени нови детски реквизити, нови кошаркарски табли, клупи и …
Continue Reading
(Видео) Арсовска: Во Чаир издигната дивоградба на 12 ката, вселени се и станари кои на инспекторите им ги исекоа гумите
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно се вклучи од Чаир на социјалните мрежи, од пред зграда на 12 ката за која вели дека е градена небезбедно, без проект, со обид да се прикаже дека е од 2011 година. Арсовска рече дека објектот поседува нелегален приклучок на струја и нелегален приклучок на вода. „Дрскоста оди до таму што денес копаат …
Continue Reading
Бесплтно летувње за деца од социјален ризик и спортски таленти во Кисела Вода
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, сподели дека е обезбеден бесплатен спортско-едукативен камп за децата од социјален ризик и спортските таленти на територијата на општината. Како што посочи, во август ќе заминат на бесплатно летување во Охрид каде што ќе можат да се дружат, социјализираат и да се едуцираат. Во месец август, бесплатен летен спортско-едукативен камп ќе посетуваат учениците …
Continue Reading
(Фото) Ѓорѓиевски: Првенците од Кисела Вода ќе летуваат бесплатно
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски им додели награди на најдобрите ученици, првенци на генерацијата од сите осум основни училишта на територијата на општината. Вкупно 24 ученици, односно тројцата најуспешни ученици од секое училиште, добија бесплатно летување во летниот едукативно-рекреативен камп SCOUT во Охрид, додека девет од нив, кои според рангирањето имаа најголем број на поени, беа дополнително наградени …
Continue Reading
Герасимовски: Даночната канцеларија во Центар нуди побрза и поедноставна услуга за нашите жители
Општина Центар ги информира сите граѓани кои сѐ уште не добиле Решение за наплата на данок на имот за 2025 година дека можат да ги регулираат своите обврски со директно обраќање во општинската даночна канцеларија. „Истурената даночна канцеларија значи побрза и поефикасна услуга. Целта ни е граѓаните навремено и лесно да ги завршат своите обврски“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Граѓаните …
Continue Reading
„Вечер на шлагери“ на „Скопско лето“ 2025
На 22 јуни, недела, во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи концерт „Вечер на шлагери“ – 20 години СПОНА, со почеток во 20:30 часот на Платото пред Македонскиот народен театар. Диригент ќе биде Иван Еминовиќ, а водител на настанот Вера Јанковиќ. На сцената ќе настапат Оркестарот на „Полифонија“, а изведувачи се Денис Димоски, Оливер Њего, …
Continue Reading
Отворање на „Скопско лето 2025“
На 21 јуни, сабота – првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката – ќе се отвори 46. издание на фестивалот „Скопско лето“. Во 19 часот во Музеј на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Зона фобија“ на нашиот реномиран уметник Томе Аџиевски. Трагајќи по топосите на источноевропската авангарда, авторот се потсетува на филмот Сталкер од режисерот Андреј Тарковски. …
Continue Reading
(Фото) 400 ученици од Гази Баба заминаа на летен камп
Утрово 400 ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба заминаа на училишен летен камп, кој се реализира во организација на Сојузот на училишен спорт на Гази Баба со субвенционирање од општината. „Во рамките на кампот, учениците ќе бидат дел од спортски, едукативни и забавни активности, а дополнително ќе имаат обука за основна пливачка техника. Општина Гази …
Continue Reading
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат: · од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром; · од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош; · од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел …
Continue Reading