Герасимовски повикува на концерт, ВМРО-ДПМНЕ му ги брои нереализираните проекти: Центар не доби парк и административна зграда кај ПУИК

Откако утрово градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ги повика скопјани на концерт со Александар Тарабунов вечерва, ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до медиумите го нарече шампион по нереализирани ветувања и ги наброја нереализираните проекти. Градоначалникот, пак, одговори на предизвикот со објаснување дека работи посветено, а не кампањски само пред избори. „Очигледно е дека општина Центар не доби парк и административна зграда …

Continue Reading

„Ве чекам во 20 часот, на плочникот кај Градски ѕид“, Герасимовски повика на концерт

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика сите скопјани, вечерва да бидат дел од културната манифестација „Центарска симфонија“ што ќе се одржи на плочникот кај Градски ѕид (Клуб на новинари, зади Соборниот храм) со почеток во 20:00 часот. Александар Тарабунов и камерниот оркестар вечерва ќе ги интерпретираат најпознатите мелодии од македонската и светската кинематографија, специјално аранжирани во ново, симфониско …

Continue Reading

Арсовска: Внукот на градоначалникот на Студеничани градел објект кога имал 5 години, а го легализирал на 6

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, иронично објави дека внукот на Азем Садики, градоначалникот на ДУИ од Студеничани, на 5 години изградил објект, а на 6 години го легализирал.   „Предупредување ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА! Оваа нема да го видите на Сител, Алфа или на медиум каде што се штити организираната криминална банда на Висар Ганиу! На 20.05.2025 година ВИСАР ГАНИУ и ЕЈУП …

Continue Reading

104 години од смртта на Ѓорче Петров – спомен и завет што не згаснува!

🔴🟡 104 години од смртта на Ѓорче Петров – спомен и завет што не згаснува!   На денешен ден, пред 104 години, трагично замолкна гласот на Ѓорче Петров – еден од најистакнатите македонски револуционери, визионери и идеолози на македонското ослободително движење. Но неговата идеја и неговото дело продолжуваат да живеат – во историската свест, во институционалната меморија и во стремежот …

Continue Reading

„Се на свое место“- со настап на Роџер Санчез одбележан 70 роденден на Кисела Вода

Општина Кисела Вода синоќа го прослави својот 70-ти роденден и го отвори Културното лето 2025, кои годинава се одвиваат под слоганот “Се’ на свое место”. Над 30.000 посетители од цело Скопје, од цела Македонија, како и од соседна Србија, Бугарија и Грција, беа дел од настапот на светската ДЏ ѕвезда Роџер Санчез. Сцената ја отвори ДЏ Матс со енергичен сет, …

Continue Reading

Прекинато водоснабдување во дел од Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( петок ) поради водоводен приклучок од Ф -80мм на ул.30 Трубарево, прекинато водоснабдување ќе има за корисниците од нас.Трубарево од 09:00 часот до завршување на приклучокот (општина Гази Баба)

Continue Reading

Викендов прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 28 и на 29.06.2025 година (сабота и недела) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, а на 30.06.2025 година (понеделник) ќе почне терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира од 30.06 …

Continue Reading

(Видео) Арсовска: Според документите на Ганиу, 11-годишно дете ја изградило 12-катницата во Чаир и поднело барање на нотар, ова е криминал

Документи со 20 случаи за незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир се поднесени до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од страна на Град Скопје.   Градоначалничката, Данела Арсовска, рече дека станува збор за згради – дивоградби во оваа општина, со што буџетот на граѓаните е оштетен за 225 милиони евра. Со оглед на тоа …

Continue Reading

Со низа македонски изведувачи и една од најпопуларните светски музички ѕвезди Кисела Вода слави роденден

Од утре, со низа македонски изведувачи и една од најпопуларните светски музички ѕвезди, легендата на хаус сцената и добитник на Греми награда Роџер Санчез, започнува Културното лето и одбележувањето на јубилејниот 70 роденден на нашата општина Кисела Вода. -Се работи за низа културно-забавни случувања кои започнуваат од утре, четврток и финишираат на 29 јуни. Културното лето ќе се одвива во …

Continue Reading