(Фото) Нови линии за улично осветлување на повеќе локации во општина Илинден
Општина Илинден продолжува со реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување, известува Општината. Во рамките на овој проект поставени се нови линии на улично осветлување во повеќе населени …
Continue Reading
(Фото) Герасимовски: Центарци со позитивни реакции за реновирањето на култната сала „Работнички“
Во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, вчера градоначалникот Горан Герасимовски заедно со својот тим од општина Центар беше во Градскиот парк, кадешто разговараше со граѓаните за проектите кои досега беа имплементирани, но и за предизвиците со кои се соочуваат како би се помогнало во подобрување на квалитетот на живот во оваа општина. Граѓаните изразија позитивни реакции за досегашното …
Continue Reading
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат …
Continue Reading
Пожарот кај хотелот „Њу Стар“ локализиран, ЦУК бара итни мерки за дивата депонија во Визбегово
Пожарот кој избувна во близина на хотелот „Њу Стар“ во скопската населба Визбегово е локализиран, но на терен и понатаму дежураат две екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), во денешната интервенција биле ангажирани вкупно седум противпожарни возила и 20 пожарникари. Пожарот зафатил површина од околу 5000 квадратни метри, при …
Continue Reading
Град Скопје: Обвинителството го отвори првиот случај за дивоградбите во Чаир
Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава за фалсификати поврзани со градби во Општина Чаир, информираа денеска од Град Скопје. Според соопштението од прес-службата, истрагата се однесува на сомневања за фалсификување на документи и незаконска легализација, а се поврзува со поранешниот градоначалник на општината, Висар Ганиу. „Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. Таму …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Уште една незаборавна ноќ во Кисела Вода, десетици илјади граѓани на концертот во Расадник
Со вистинска експлозија од енергија, ритам и емоции, синоќа помина третата вечер од Културното лето на Општина Кисела Вода, кое годинава се одвива под слоганот „Сѐ на свое место“. Расадник повторно беше полн со луѓе, откако десетици илјади граѓани се собраа за да прослават и да уживаат во една од најмасовните музички забави што се случиле во Скопје последниве години. …
Continue Reading
(Видео) Повторно гори кај „Њу Стар“, пожарот се шири кон куќите во Визбегово
Пожарот што избувна на 28 јуни во близина на скопската населба Шуто Оризари – Визбегово и хотелот „Њу Стар“, денеска повторно се активираше, предизвикувајќи сериозна загриженост кај локалното население и институциите. Огнот, кој потекнува од дивата депонија, бргу се прошири и се доближи до првите куќи во населбата. Според информациите од терен, запалена е сува трева и деградирана ниска вегетација …
Continue Reading
Герасимовски: „Центарска симфонија” ги сплоти скопјани, Тарабунов и граѓаните пееја и танцуваа на најпознатите филмски евергрини
„Центарска симфонија” синоќа ги сплоти скопјани. Со македонска и светска филмска музика изведена од музичката ѕвезда Александар Тарабунов и камерниот оркестар, граѓаните уживаа во оваа културна манифестација којашто за првпат ја организираше Општина Центар. Градоначалникот Горан Герасимовски упатува благодарност до сите центарци, но и жители на Градот Скопје кои вчера вечер дојдоа и уживаа во најпознатите мелодии од македонската и …
Continue Reading
Центарот на Скопје блокиран два дена поради средба на високи гости
Поради најавената средба на лидерите од Западен Балкан која ќе се одржи во Скопје, Секторот за внатрешни работи информира дека во понеделник (30 јуни) и вторник (1 јули) во главниот град ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот. Од СВР Скопје соопштуваат дека мерките ќе се однесуваат на поширокото централно подрачје на градот, при што дел од улиците и булеварите …
Continue Reading