Герасимовски: Буџетот за култура двојно се зголемува, македонската култура, автори и уметници имаат вистинска поддршка во Центар
Општина Центар изминативе четири години вложува во промоција и афирмација на македонската култура, јазик и уметност преку мурали, концерти и настани посветени на културното наследство, вели градоначалникот на Општина Центар и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски. „Муралот „Бушавата азбука“ во Дебар Маало е посветен на промоција на кирилицата и ги поврзува генерациите, потсетувајќи на култната детска емисија преку која …
Continue Reading
Центар ќе биде општина што создава можности за младите претприемачи, најавува Лабудовиќ
„Центар има огромен потенцијал – полн со креативност, младост и идеи кои чекаат да добијат шанса,“ изјави кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, претставувајќи ја својата визија за развој на локалната економија и поддршка на младите и малите бизниси. Лабудовиќ потенцира дека локалната економија е моторот што ја движи општината и …
Continue Reading
Нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај на улица „Белградска“
Изминатиов викенд екипи на ЈП Улици и патишта Скопје на улица „Белградска“ ја поставија новата вертикалната сигнализација за еднонасочен сообраќај. На оваа сообраќајница во насока од булевар „Мајка Тереза“ кон улица „Димче Мирчев“ согласно основен сообраќаен проект воведен е нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај. ЈП Улици и патишта Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да го почитуваат новото сообраќајно …
Continue Reading
По 61 година учениците во Црешево ќе добијат спортска сала, Јаневска и Стефковски извршија увид во градежните активности
„Иднината на државата се создава во училиштата и затоа од исклучителна важност е сите деца да имаат пристојни услови за едукација, а нивните наставници да бидат мотивирани и да имаат можности добро да ја извршуваат својата благородна мисија. Како Влада се посветивме на инфраструктурата во образованието и во изминатите 16 месеци вложивме 67 милиони евра – 32 преку Министерството за …
Continue Reading
Утре и в среда посебен сообраќаен режим во Скопје
Утре и в среда посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјална посета на претседателот на Република Словачка, Пелегрини и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен На 14/15.10.2025 година (вторник и среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседателот на Република Словачка, Н.Е. Петер Пелегрини. На 15.10.2025 година (среда) во официјална посета на Република Северна Македонија …
Continue Reading
Лабудовиќ: Денес не зборуваме за политика, туку за човечност
Во рамки на активностите по повод октомври – месец на свесност за ракот на дојка, кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, присуствуваше на настан во Градскиот парк, посветен на поддршка на жените кои ја водат својата најважна битка – битката за животот, стои во соопштението од ЗНАМ. „Денес не зборуваме за …
Continue Reading
Меџити: Чаир ќе стане пример за инклузија, еднаквост и почит
Чаир ќе стане пример за инклузија, еднаквост и почит за секој граѓанин, рече денеска на прес-конференција, кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на оваа општина, Изет Меџити. Тој појасни дека во рамки на денешниот настан, се зборува за еднаквост, можности и достоинство, за правото секој граѓанин на Чаир да го има своето место во работата, во институциите, во јавниот живот и …
Continue Reading
Шукова ветува фонд за лица во ризик за здравствена и социјална поддршка
Поставување нов систем на дневни центри и прифатилишта за жени жртви на насилство, нови сервиси за семејствата и парамедик служба која ќе им помогне на најранливите во нивните домови планира Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Град Скопје од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Во изјава за медиумите денеска таа кажа дека ќе биде основан фонд за лица во ризик …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Генерации деца израснаа без луна парк и без вистинска, модерна зоолошка градина
Кога зборуваме за иднината на Скопје, секогаш почнувам од трите основни приоритети на моето делување – обнова на инфраструктурата, подобрување на хигиената и реформа на јавниот превоз. Без чисти улици, уреден сообраќај и функционален систем, нема современ град. Но, истовремено, нема ни жив град без радост, култура и места каде нашите деца растат со насмевка. Ова го истакна денеска на …
Continue Reading