Костовски: Ќе изградиме Дом на култура во Бутел

„Почитувани граѓани на општина Бутел, денеска се наоѓам во дворот на велелепниот храм Свети Јован. Доблесно е кога нешто нема да успеете да направите, да признаете, но бидете сигурни дека во потегот позади мене ќе изградиме нов модерен плоштад со културен дом“, рече Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ. „На оваа тематика работевме во изминатиот период. …

Continue Reading

Скопје е хаотично оти јавните претпријатија се заробени од партиски интереси, мој приоритет е нивна вистинска реформа, вели Шукова

За кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, Скопје денес изгледа запуштено, нечисто и хаотично затоа што јавните претпријатија се заробени од партиски интереси, долгови и неспособни раководства. Таа констатира дека граѓаните плаќаат за услуги, а добиваат насобран смет, нефункционален јавен превоз и хаотична инфраструктура. „Мој приоритет е вистинска реформа на јавните претпријатија, да им служат на граѓаните, …

Continue Reading

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Во разговорите со центарци, тој најави дека во новата програма надоместокот за новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари. „За 50% го зголемуваме надоместокот за новороденче, од 7.000 на 10.000 денари. Со оваа мерка ги …

Continue Reading

Делови од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Божидар Рајковиќ. (Општина Аеродром) · од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Крчин. (Општина Карпош) · од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Пелистерска бр. 4. (Општина Карпош)

Continue Reading

Костовски: Бутел добива нова поликлиника, Љуботен добива водовод

Дарко Костовски, кандидат за градоначалник за општина Бутел до редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1, при што го изрази задоволството за реализација на 404 проекти во општина Бутел во текот на неговиот четиригодишен мандат како градоначалник, и напомена дека околу 70 од реализираните проекти не беа дел од предизборната програма, …

Continue Reading

Меџити: Чаир ќе биде пример за социјална еднаквост, униформи и бесплатни оброци за секое дете

Кандидатот на владината коалиција „Вреди“ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес-конференција ги претстави конкретните мерки за подобрување на условите во основното образование, со посебен акцент на социјалната еднаквост, безбедноста и поддршката за семејствата. Тој нагласи дека неговото раководење ќе обезбеди еднакви можности за секое дете и ќе направи Чаир да биде општина на достоинство, грижа и …

Continue Reading

Да победиме, за да можеме да влеземе во Град Скопје и во администрацијата и да ги решиме предизвиците со кои се соочува градот, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со претставниците на Стопанската комора на северо-западна Македонија одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кога се очекува да биде готова клучката кај Момин поток, рече дека најпрво мора да се победи на изборите, да влезат во администрацијата за да можат побргу да се надминат сите предизвици со кои се соочува …

Continue Reading

(Видео) Цветановска: Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг, осуден криминалец и на црна листа на САД

Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг, осуден криминалец и на црна листа на САД, вели Благица Цветановска, кандидат за советник на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. „Стевчо Јакимовски е осуден од македонските судови, а од САД е ставен на црна листа. Станува збор за криминалец кој местел тендери и …

Continue Reading

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо и чесно преку вистинска дигитализација. Тој денес кажа дека откога ја направил Кисела Вода прва дигитална Општина не само во Македонија туку на целиот Балкан, таквиот модел ќе го пренесе и на градско ниво. „Со 17 проекти од оваа област …

Continue Reading