Распишан конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2023

– Градоначалникот на Општина Велес Марко Колев врз основа на предлогот на Организацискиот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“, која во јуни ќе се одржи по јубилеен 60-ти пат, денеска на својата веб страница го објави конкурсот за оваа висока награда од областа на македонската книжевност. Наградата „Рациново признание“ се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од земјава  објавени …

Continue Reading

Од 2021 година досега 23 пријави од лица каснати од куче во Кавадарци

– Вкупно 23 пријави од лица каснати од куче има во Кавадарци за 2021-ва, 2022-ва и досега во 2023 година, додека во регионот што го покрива Секторот за внатрешни работи Велес, се доставени 302 пријави, велат за МИА од СВР Велес. Според портпаролот Ристе Самарџиев, во 2021 година имало 12 пријави за каснувања, во 2022-ра шест, а во 2023 година …

Continue Reading

Одземени ингеренциите врз Детските градинки во Велес на градоначалникот и Советот на општината

Градоначалникот на Општина Велес Марко Колев и претседателот на Советот Зоран Љутков денеска на прес-конференција остро реагираа на одлуката на Министерството за труд и социјална политика за одземање на нивните ингеренциите како локална власт врз  Oпштинската јавна установа за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес. Тие посочија дека ваквата одлука на МТСП за нив е нејасна и непрецизна. Претседателот на …

Continue Reading

Штипските борачи од „Балканец“ на прием кај градоначалникот

Борачите од штипскиот  Боречкиот клуб (БК) „Балканец“ денеска беа на прием во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Борачите од овој клуб од  Блаканското првенство кое се одржа во Грција се вратија со два златни медали и три бронзени. Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека општината продолжува со поддршка на спортот и спортистите, додавајќи дека се работи и …

Continue Reading

Работилница во Гостивар: „Улогата на жените во раното препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница“

Претставнички од повеќе невладини организации, институции, универзитетски професорки од полошкиот регион и претставници на ОБСЕ учествуваа на работилница за унапредување на соработка со полицијата и зајакнување на улогата на жената во борбата против криминалот. Темата „Улогата на жените во раното препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница“, беше во фокусот на работилницата од два дела, што заеднички ја организираа …

Continue Reading

Општина Велес го одбележа 9 Мај Денот на победата над фашизмот

Општина Велес го одбележа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Во чест на жртвите на фашизмот, делегација на Општина Велес, советници, политички партии и претставници на институции, денеска се поклонија пред стотината загинати  борци во текот на Народноослободителната војна, а чии коски  почиваат во Спомен костурницата од НОВ  и во нивна чест положија букети свежо цвеќе. На 9 мај1945 …

Continue Reading

Во Крива Паланка се одржа општински крос-натпревар

Околу 270 млади, основци и средношколци, учествуваа на денешниот „Младински маратон на вештини 2023“ што се одржа низ главната улица во Крива Паланка. Настанот традиционално го организира Општина Крива Паланка, а годинава беше поддржан од Европската куќа Крива Паланка во прилог на одбележување на 9 Мај-Денот на Европа. Учениците ги покажаа своите спортски перформанси и вештини, неа поделени во повеќе …

Continue Reading

Младите оратори од Делчево го одбележаа Денот на Европа

По повод 9 Мај – Денот на Европа, учениците од образовните институции во општина Делчево денеска одржаа ораторски говор на тема „Европската унија – младинско изгрејсонце за заедништво и правда”. Во рамки на настанот пред присутните свој говор на неколку европски јазици, вклучително и македонскиот, имаа ученици како од основните, така и од средното училиште. Целта, како што информираа организаторите, …

Continue Reading

На 60. Драмски аматерски фестивал во Кочани ќе настапат 12 домашни и странски театарски групи

Вкупно 12 домашни и театарски групи од странство ќе учествуваат во програмата на 60. Драмски аматерски фестивал (ДАФ), што од 22 до 27 мај ќе се одржи во Кочани. На повикот за учество, што Управниот одбор на фестивалот го објави во средината на март, пристигнале 16 пријави од македонски и театарски групи од Србија, Хрватска и Турција, а по завршената …

Continue Reading