Распишан конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2023

racin_453453453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Градоначалникот на Општина Велес Марко Колев врз основа на предлогот на Организацискиот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“, која во јуни ќе се одржи по јубилеен 60-ти пат, денеска на својата веб страница го објави конкурсот за оваа висока награда од областа на македонската книжевност.







Наградата „Рациново признание“ се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од земјава  објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.

Како што информираат од Општина Велес, право на учество на конкурсот имаат сите автори и издавачи кои во периодот од јуни 2022 година до мај 2023 година објавиле прозни дела на македонски автори.

Делата на конкурсот кој трае до 25 мај, се доставуваат во три примероци на адреса: Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес со назнака – За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK