Во Карбинци почна реконструкција на спортските и детски игралишта

Почна реконструкција, уредување и збогатување со нови содржини на постоечкото детско игралиште во село Карбинци, најави денеска градоначалникот Виктор Паунов. Забележа дека финансиската конструкција за ова детско игралиште изнесува еден милион денари. -По завршувањето на сите подготвителни активности игралиштето ќе добие нов лик со современа тартан подлога, целосно ќе биде оградено со што жителите ќе добијат едно ново безбедно катче …

Continue Reading

Градоначалникот Тони Коњановски бара вонредна седница на Советот на Општина Битола

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски со јавно обраќање побара од претседателката на Советот на Општина Битола да закаже вонредна седница затоа што општинскиот Совет на заседава. Според Коњановски, во период на полн ек од градежната сезона и период за обезбедување финансиски средства од меѓународни фондови, општинскиот Совет треба контиунирано да заседава. -Од крајна итност е донесување на Одлука за …

Continue Reading

„Завод и Музеј Струмица“ ќе ја конзервира и реставрира Спомен костурницата

„Завод и Музеј Струмица“ изработува проект за конзервација и реставрација на Спомен костурницата во Струмица, во која се положени моштите на загинатите борци од НОАВ. Според информацијата од оваа установа, Спомен костурницата е во многу лоша состојба. – Дел од мермерот е искршен и нема осветлување. Патеката до споменикот е во лоша состојба, има нараснато многу бујна вегетација која го …

Continue Reading

Градоначалникот на Василево на средба со стопанственици во Пјаченца

Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, во рамки на престојот во Општина Понтенура, Италија, остварил и повеќе средби со стопанственици од Пјаченца. Според информацијата од Општината, тој се сретнал производители на кафе и млечни производи со потекло од нашата држава, кои изразиле интерес за инвестирање и во Василево. -Остварив средба со повеќе стопанственици од Пјаченца, производители на кафе, млечни производи …

Continue Reading

Врнежите ја наполнија браната Калиманци, хидросистемот „Брегалница“ е во целосна функција

Интензивните врнежи од дожд значително го покачија нивото на вода во реките од хидросистемот „Брегалница“ со што браната Калиманци е пред полнење до максималниот капацитет од 115 милиони кубни метри вода. Дотокот на вода од реката Брегалница и нејзините притоки изнесува околу 11 метри кубни во секунда и со таква динамика на полнење се очекува наскоро акумулацијата да ја достигне …

Continue Reading

Матурски бал утре на градскиот плоштад во Неготино

Матурски бал ќе се реализира утре на градскиот плоштад во Неготино, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. – Плоштадот во Неготино ќе пулсира во ритамот на матурскиот бал. Средното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“, во соработка со општината Неготино, ја организираат традиционалната манифестација „Матурски бал“, на која неготинските матуранти преку заедничко одигрување на танцот „квадрил“, ќе остават сопствен белег …

Continue Reading

Се чистат каналите на регионалниот пат Берово – Пехчево

Во Берово во тек e акција за чистење на каналите на регионалниот пат Берово – Пехчево заради што на одредени делници сообраќајот се одвива со соодветна сигнализација на градежни работници. Од ,,Македонија пат” информираа дека се работи за редовна процедура со која ќе биде опфатен целиот регионален патен правец. -Моментално механизација и наши екипи работат на чистење на каналетите кај …

Continue Reading

Општина Ѓорче Петров добива нова ЛЕАП стратегија за заштита на животната средина

Во соработка со партнерите од општина Ново Брдо-Косово, во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров се одржа првиот јавен консултативен настан за почетокот во изработката на ЛЕАП-локален економски акциски план на општината. Ваков стратешки документ во Општина Ѓорче Петров, информираат од општината, последен пат е изработен во 2005 година со важност до 2012 година. – Овој проект кој е …

Continue Reading

Еколозите од „Фронт 21/42“ предупредуваат дека предлог-ДУП-от за Велестово дозволува натамошна урбанизација на заштитена зона

Активистите на Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ сметаат дека објавената јавна анкета и јавна презентација на предлог ДУП-от за Урбаната зона за катастарски опфат Велестово, Охрид ќе значи отвоарање простор за изградба на нови градби и натамошна урбанизација на простор што е во заштитената зона на Националниот парк „Галичица“. Во статусот објавен на нивниот фејсбук-профил тие ја потсетуваат Општина …

Continue Reading