Се чистат каналите на регионалниот пат Берово – Пехчево

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Берово во тек e акција за чистење на каналите на регионалниот пат Берово – Пехчево заради што на одредени делници сообраќајот се одвива со соодветна сигнализација на градежни работници. Од ,,Македонија пат” информираа дека се работи за редовна процедура со која ќе биде опфатен целиот регионален патен правец.







-Моментално механизација и наши екипи работат на чистење на каналетите кај селото Умлена и во близина на селото Чифлик. Акцијата е од превентивен карактер, а на местата каде се вршат работите соодветно се регулира сообраќајот, информираа од подружницата на ,,Македонија пат”.

Оттаму додаваат дека на останатиот дел од регионалниот патен правец во моментот сообраќајот се одвива без проблеми.

-И покрај обилните дождови немаме посетиозни проблеми на патиштата во овој дел од државата. На места забележливи се ситни одрони кои редовно се чистат од наши екипи, додадоа од подружницата на „Македонија пат“.

Најавија дека ваквите активности ќе продолжат и на останатите делници кои ги покрива подружницата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK