Лица со попреченост ќе сликаат виножито в четврток на Денот на музеите во Неготино

Лица со попреченост ќе сликаат виножито во четврток на Денот на музеите во Неготино, информираше попладнево, Драгица Чекорова, директорка на неготинскиот градски музеј. – По повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите, Музеј на град Неготино заедно со „Порака” од Неготино, организира ликовен хепенинг кој ќе се реализира во дворот на музејот. На ликовниот хепенинг ќе се создаваат ликовни дела …

Continue Reading

СВР Куманово ги демантираше шпекулациите за наводни обиди за киднапирање малолетници

Кумановската полиција денеска ги демантираше гласините за обиди за киднапирање ученици. Оттаму велат дека не е регистрирана ниту една појава за ваков настан и дека се преземаат мерки за безбедност на малолетници. – СВР Куманово најостро ги демантира гласините што се шират помеѓу граѓаните на Општина Куманово за наводни киднапирања, односно обиди за киднапирања на малолетници. Ве известуваме дека станува …

Continue Reading

Почнаа градежни активности за минихидроцентралата Мала Река кај Кочани, граѓанските здруженија реагираат за користењето на локалниот пат

Градежна механизација и работници ги почнаа подготвителните работи за изградба на мини хидроцентралата Мала Река кај браната Гратче кај Кочани. Активностите се однесуваат на пробивање пристапен земјен пат до локацијата на која треба да се гради објект за електромашинскиот дел на хидроцентралата и за поставување на цевководот. Според одговорните лица во фирмата изведувач, градежните работи треба да завршат до крајот …

Continue Reading

Студенти на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ имаа изложба во галеријата „Безистен“

Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) традиционално ја одржа изложбата на студентите на уметност. Петар Намичев декан на Академијата за ликовна уметност при УГД-Штип вели дека освен студентите од Ликовната академија, во изложбата учествува и студенти од Факултетот за природни и технички науки, Институтот за архитектура и дизајн – проектирање на мебел и ентериер и Техничко-технолошкиот факултет со Катедрата …

Continue Reading

Седмо државно првенство во атлетика за основни и средни училишта во Куманово

Околу 450 ученици од над 20 основни и 16 средни училишта, од осум градови во државава учествуваа на денешното седмо државно првенство во атлетика кое се одржа на атлетскиот полигон во Куманово, соопштија денеска од секторот за образование од општина Куманово. Државното првенство во атлетика за средни и основни училишта, го организира Федерацијата на училишен спорт, преку општински сојуз на …

Continue Reading

Невработените кумановци заинтересирани да почнат свој бизнис преку програма за самовработување

Невработените кумановци покажаа значителен интерес за поддршката за самовработување, дел од мерките и програмите од оперативниот план за 2023-та година, информираа денеска од Центарот за вработување Куманово. Според податоците на Центарот досега за програмата аплицирале 110 невработени лица, самостојно да почнат бизнис и 86 кои сакаат да учествуваат на повикот со здружување. – Има два огласи, оние кои самостојно учествуваат …

Continue Reading

Во Штип средно образование завршуваат вкупно 548 матуранти

Во четирите штипски средни училишта годинава 548 ученици ќе го завршат средното образование. Снежана Санева раководител на Секторот за образование во Општина Штип вели најмногу матуранти се од училиштето „Коле Нехтенин“, над 200, а најмалку, само 15, во текстилното училиште „Димитар Мирасчиев“. -Годинава во општина Штип имаме вкупно 548 матуранти од сите четири средни општински училишта и тоа од Гимназијата …

Continue Reading

Во Струмица ќе се отвора Клуб на семејства со деца и лица со Даунов синдром

Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдом, „Вера“-Струмица во партнерство со Општината ќе отвора „Клуб на семејства со деца со даунов синдром и семејства со лица со даунов синдром“, во рамки на повеќенаменскиот социјален центар во Струмица. Клубот ќе се отвори според Програмата за Социјална заштита за 2023 година на Општина Струмица, а за реализација …

Continue Reading

ЈП „Пазаришта“ Куманово работи со добивка

Јавното претпријатие „Пазаришта“ Куманово за првите три месеци од годинава работи со добивка, информираше денеска директорот на претпријатието Гзим Кадриу. Претпријатието реконструираше и три деловни простории и делумно административната зграда. – Деловните простории се атрактивни. Веќе разговаравме со градоначалникот за изработка на проект за изградба на современ пазар. Јавноста знае дека пазарот датира од 1957 година и за жал досега …

Continue Reading