Општина Ѓорче Петров добива нова ЛЕАП стратегија за заштита на животната средина

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во соработка со партнерите од општина Ново Брдо-Косово, во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров се одржа првиот јавен консултативен настан за почетокот во изработката на ЛЕАП-локален економски акциски план на општината.







Ваков стратешки документ во Општина Ѓорче Петров, информираат од општината, последен пат е изработен во 2005 година со важност до 2012 година.

– Овој проект кој е од исклучително значење за животната средина е проект од Програмата за прекугранична соработка, дел од IPA II-Програмата за прекугранична соработка, финансиран од Европската Унија. Основната цел на овој документ е да креира повеќегодишна стратегија и политики за заштита и унапредување на животната средина и природата. Процесот на негова изработка ќе трае неколку месеци, при што ќе се работи интензивно, континуирано и квалитетно, се појаснува во соопштението од Општина Ѓорче Петров.

При изработката на ЛЕАП документотм најавуваат, ќе биде вршена и детална анализа на заедницата, а ќе се изврши анализа на проблемите во петте медиуми во животната средина (воздух, вода, отпад, почва и искористеност на земјиштето и природа). За да се постигне целта, односно да се изработи квалитетен и објективен документ, се подвлекува, потребно е во овој процес да се вклучат јавноста и сите чинители од локалната самоуправа, што беше целта и на настанот.

Општина Ѓорче Петров првпат во партнерство со општина од соседна држава започнува реализација на заеднички партнерски капитален проект, чие позитивно влијание е од регионална важност и значење. Изградбата на пречистителната станица во село Орман која е во почетна фаза е исто така резултат на овој проект.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK