Градоначалникот на Василево на средба со стопанственици во Пјаченца

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, во рамки на престојот во Општина Понтенура, Италија, остварил и повеќе средби со стопанственици од Пјаченца.







Според информацијата од Општината, тој се сретнал производители на кафе и млечни производи со потекло од нашата држава, кои изразиле интерес за инвестирање и во Василево.

-Остварив средба со повеќе стопанственици од Пјаченца, производители на кафе, млечни производи кај кои чесно и одговорно работат Македонци, но и стопанственици по потекло од Општина Василево и Општина Ново Село. Овие средби претставуваат доказ за силната и нераскинлива врска на македонските иселеници со своите корени, како и потврда дека контактите и соработката со иселениците може да се одржуваат и развиваат на квалитетна и продуктивна основа, стои во изјавата што ја пренесува Општината.

Инаку, завчера во рамки на посетата на Италија, градоначалникот на Василево потпиша меморандум за збратимување со градоначалничката на Општина Понтенура, Манола Групи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK