Во Карбинци почна реконструкција на спортските и детски игралишта

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почна реконструкција, уредување и збогатување со нови содржини на постоечкото детско игралиште во село Карбинци, најави денеска градоначалникот Виктор Паунов. Забележа дека финансиската конструкција за ова детско игралиште изнесува еден милион денари.







-По завршувањето на сите подготвителни активности игралиштето ќе добие нов лик со современа тартан подлога, целосно ќе биде оградено со што жителите ќе добијат едно ново безбедно катче за рекреација на најмалите, вели Паунов.

По завршувањето на градежните активности, во наредниот период ќе се реконструира и детското игралиште во село Таринци и спортскиот терен во склоп на училиштето во село Долни Балван.

Паунов истакна дека во село Долни Балван е поголем спортски терен, кој ќе биде реконструиран со тартан подлога

-Целосното финансирање на проектот за детските и спортски игралишта е од буџетот на Општина Карбинци. Финансиската конструкција, којашто Општина Карбинци ја обезбеди за овие три игралишта изнесува пет милиони денари, вели Паунов.

Посочи дека реализацијата на проектот е на барање на жителите на Општина Карбинци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK