Во М.Каменица јавен повик за финансиска поддршка на семејства од социјален ризик

Општина Македонска Каменица распиша јавниот повик за доставување на барање за финансиска помош од општинскиот буџет за 2023 година до еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители. Јавниот повик од страна на градоначалникот на општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски е распишан врз основа на правилникот за остварување на еднократна парична помош на еднородителски семејства, деца без родители …

Continue Reading

НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово и годинава го организира Меѓународниот фестивал „Денови на прозата“

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово и годинава го организира Меѓународниот фестивал „Денови на прозата“, чие второ издание ќе се одржи на 25 и 26 мај, годинава. Како што иноформираат од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, првото издание на фестивалот минатата година, беше одлично прифатен од посетителите и јавноста. Станува збор за фестивал на кој се промовираат домашни и …

Continue Reading

Утре започнува 42-рото издание на “Малиот Битолски Монмартр”

Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола утре со почеток во 19 часот ќе го претстави почетокот на 42-рото издание на “Малиот Битолски Монмартр”. Оваа година организацијата бележи големи цифри на своите манифестации како и значајно чествување во своето постоење. Утре вечер на платото Монмартр пред детската ликовна галерија Мал Монмартр во срцето на старата битолска чаршија ќе се …

Continue Reading

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат последните мерења на УХМР. Водостојот на Охридско Езеро е, сепак, под просекот за мај. Поголеми промени нема ниту во нивоата на реките, но повеќето отстапуваат од мајскиот просек.

Continue Reading

Четири тетовски планинарски клубови со заедничка акција „Шара без отпад“

„Шара без отпад“ беше насловена вчерашната заедничка планинарска тура на четири клубови и националниот парк на која учесниците собираа расфрлани отпадоци долж патеката на Шар Планина. Ова беше прва ваква тура и акција во учествува планинари од клубовите Јелак, Аргентус Монт, Тетекс и Љуботен, во координација со Национален парк Шар Планина, со цел да се подигне свеста да не се …

Continue Reading

Манифестација „Град на културата“ во Крушево

По повод почетокот на културната манифестација „Град на културата“, денеска пред споменикот „Македониум“ во Крушево, ќе се одржи прес-конференција. На прес-конференцијата ќе станува збор за почетокот на манифестацијата „Град на културата 2023“ која годинава ќе се одвива под мотото „Крушево – жив споменик на културата“, и за програмските содржини, на кои ќе говорат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот …

Continue Reading

Традиционален собир на Македонците по потекло од Крчишта, Албанија во црквата „Свети Спас”

– Македонците од Горно Крчишта, Општина Пешкoпеја, Албанија, по повод патрониот православен празник Вознесение Христово-Спасовден, во сабота ќе одржат средба, која по иселувањето стана традиција. Со цел да може да присуствуваат поголем број Македонци, иселени од ова село, како и нивни потомци, традиционалниот собир ќе биде во црквата „Свeти Спас” во сабота, на 27-ми овој месец. Почнува со богослужба во 9 …

Continue Reading

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова победници на третата „Трка на поезијата“

 – Балканскиот шампион во полумаратон Дарио Ивановски, повторно е победник на 10 километарската трка на атлетската манифестација „Трка на поезијата“ што денеска се одржа во Струга во организација на здружението „Спортски мостови“. Во женска конкуренција 10-те километри прва ги истрча Адријана Поп Арсова. Втори на целта беа Тирон Мамуша и Биљана Кираџиева, додека третото место во оваа категорија им припадна …

Continue Reading

Пожар во куќа во Неготино

–  Пожар избувнал ноќеска во куќа во Неготино. Градоначалникот Горан Стојанов попладнево најави дека Општината ќе им помогне на оштетените. – Исконтактиравме со оштетените, да се види што може да се помогне. Дополнително и ќе се видиме, да се договориме околу начинот на помош, рече Стојанов за МИА. Неофицијално, човек со проблеми, ја запалил сопствената куќа која е братска и во …

Continue Reading