Kривична пријава против велешанец осомничен за „давање поткуп“

Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против 30-годишниот велешанец И.Д., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „давање поткуп“, казниво по член 358 од Кривичниот законик. Како што информираше Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес, на 13 мај, И.Д. бил лишен од слобода и при движење кон полициската станица на полициските службеници им понудил по …

Continue Reading

Ораторски натпревар во чест на Свети Кирил и Методиј

Во чест на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј во големата сала на Општина Велес денеска се одржа ораторски натпревар за учениците од средните училишта во градот на тема „Словото – исконска светлина”. Комисијата во состав: Анита Мирчева, Фаик Мефаиловски и Кристијан Саздовски, признанието за најдобар оратор и го додели на Јана Пљокова, ученичка во прва година во СОУ “Гимназија …

Continue Reading

Нова кровна конструкција и фотоволтаици на градинката во штипската населба „Автокоманда“

Клонот „Развигорче“ при детската градинка „Вера Циривири – Трена“ во Штип во летниот период ќе добие реконструирана кровна конструкција, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Проектот е аплициран од општината до  Амбасадата на Република Словенија, а во следниот период ќе започне тендерската постапка за избор на економски оператор. На новиот кров ќе бидат поставени и фотоволтаици. …

Continue Reading

Исчистени диви депонии во три села во Општина Василево

ЈПКД „Турија“, во координација и соработка со општина Василево, исчисти диви депонии во три села. Според информацијата од Општината исчистени се диви депонии во населените места Чанаклија, Василево и Радичево, а пробиени и порамнети се неколку улици од наноси на земја и песок во населеното место Чанаклија. -Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност …

Continue Reading

Почнува Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, за наградите ќе конкурираат домашни и театарски групи од Србија и Хрватска

Меѓународниот Драмски аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани почнува денеска со театарско музички перформанс „Театарот е жив“ и гостувањето на народниот театар од Велес со претставата „Синиот протокал“, во знак на 60-годишниот фестивалски јубилеј. Селекторот на ДАФ, Игор Џамбазов, на прес-конференцијата пред вечерашното свечено отворање истакна дека се работи за една од најстарите културни манифестации во државата, поради што ја прифатил …

Continue Reading

Во пелагонискиот регион почна постапката за поднесување на барања за плаќања во земјоделството

Во пелагонискиот регион почна постапката за поднесувања на барања за директни плаќања во земјоделството, а последниот рок за поднесување е 30 јуни. Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шуарство и водостопанство со седиште во Битола информираат дека барањата се поднесуваат за сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани …

Continue Reading

Отворени денови за бесплатна правна помош во Делчево

Бесплатна правна помош за недискриминација денес можеа да добијат граѓаните во рамки на Отворените денови кои се реализираат во рамки на проектот „Здружени, видливи, гласни“ како дел од програмата на Цивика Мобилитас. Целта на активноста како што истакна Наташа Петкова, правна советничка од Хелсиншкиот комитет е да се приближи работата на Комисијата за заштита од дискриминација и во останатите градови …

Continue Reading

Општина Куманово стана сопственик на објектите на спортскиот аеродром Аџитепе

Општина Куманово од пред извесен период е сопственик на објектите на спортскиот аеродром Аџитепе, барање до надлежните е поднесено и за спортската писта, соопшти кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. – Општината поднесе иницијатива за впишување на самите објекти, од страна на надлежните органи на име на државата и веднаш потоа откако беа впишани објектите со барање до Владата ни беа доделени …

Continue Reading

Заврши Фестивалот „5 ре“

Со стенд ап шоу на Жарко Јовановиќ, во големата сала на театарот„Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа во Велес заврши второто издание на Фестивал на комедијата „5 ре“. Актерот Жарко Јовановиќ од кумановскиот театар со своите успешни имитации во најголем дел на политичарите и по некој новинарски и спортски коментатор, ја засмеја велешката пубика и изнуди силни аплаузи на крајот од вечерта. …

Continue Reading