Без вода дел од Општина Кисела Вода
-
деск
-
August 1, 2023
-
Општини, Скопје
-
0 Comments
Поради дефект во шахта ф-5/4 на улицата „Христо Татарчев 25“, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците:„Тодор Паница, „Петар Делјан“, дел од улицата „Борис Трајковски“ и „Пушкинова“ (односно корисниците на потегот од општина Кисела Вода до Мечкаров). Како што информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:40 часот до завршување со санација на …
Continue Reading
Коњановски: Министерството за финансии нема да го вчита ребалансот на буџетот на Општина Битола
-
деск
-
August 1, 2023
-
Општини
-
0 Comments
Изгласаниот ребаланс на буџетот на Општина Битола од страна на Советот на Општина Битола е спротивен на Закон и не може да биде вчитан од Секторот трезор при Министерството за финансии, изјави градоначалникот Тони Коњановски. Градоначалникот Коњановски информира дека добил известување, потпишано од заменик министерот Филип Николоски, во кое се наведува дека согласно став 4 од член 22 од Законот …
Continue Reading
Спречен шумски пожар кај Отовица, на автопатот Велес – Скопје
-
деск
-
August 1, 2023
-
Вести, Општини
-
0 Comments
Ниска вегетација, трња и грмушки гореле вчера од 16:35 до 19:30 часот кај село Отовица, кое е лоцирано во близина над велешкото езеро „Младост“. Велешките пожарникари и полицијаци по три часа тешка борба со огнената стихија успеале да го изгаснат огнот за да не се прошири кон боровата шума на автопатот Велес – Скопје. Портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев …
Continue Reading
Пригодна програма за Илинден во Делчево
-
деск
-
August 1, 2023
-
Општини
-
0 Comments
Со положување свежо цвеќе пред споменикот на великанот Гоце Делчев и паднатите борци во центарот на градот и културно-уметничка програма во дворот на манастирот Св. Илија во село Ѕвегор, во Делчево утре ќе се одбележи националниот празник Илинден. Настанот е во организација на Општина Делчево во соработка со културно-уметничките друштва од Општината. -Во рамки на свечената програмата за заедничко одбележување …
Continue Reading
Велосипедските полициски патроли и летово низ улиците на Охрид
-
деск
-
August 1, 2023
-
Општини
-
0 Comments
Во Охрид и туристичките населби во околината на градот од денеска во редовна полициска работа се вклучени и велосипедските полициски патроли. Униформирани полициски службеници на велосипед се вклучија во редовните превентивни, но и репресивни делувања на терен, пред сѐ, за одржување на јавниот ред и мир, како и активности за спречување кражби и други кривични дела и прекршоци, откривање и …
Continue Reading
Бигорски манастир со традиционално одбележување на Илинден
-
Деск
-
August 1, 2023
-
Општини
-
0 Comments
Свештената бигорска обител со традиционално одбележување по повод втори август, Денот кога се слави споменот на светиот и славен пророк Илија, како и 120- годишнината од херојското Илинденско востание, информираа од манастирот. – Централното трожествено празнување ќе се одбележи со Света архијерејска Литургија во прекрасниот преродбенски храм на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во село Лазарополе, која ќе почне во 9 …
Continue Reading
Традиционално искачување на велешкиот рид „Свети Илија“ по повод Илинден и манастирската слава
-
Деск
-
August 1, 2023
-
Општини
-
0 Comments
– По повод големиот македонски празник Илинден, 2 август, Планинарски дом „Чеплес“ годинава по осми пат организира ноќно искачување на ридот „Свети Илија“ на 565 метри надморска височина и посета на истоимениот манастир „Свети Илија“ лоцирам од другата страна на ридот над Велес. Ноќното искачување ќе стартува вечерва во 19 часот, а зборното место за сите учесници е плоштадот „ …
Continue Reading
Изгоре автомобил кај Струмица
-
Деск
-
August 1, 2023
-
Општини, Хроника
-
0 Comments
Денеска во 09:30 часот изгоре автомобил на патот меѓу селата Муртино и Сачево, кај Струмица. Според информацијата од ТППЕ Струмица, во гаснењето на автомобилот учествувале едно против пожарно возило и тројца пожарникари. Пожарот бил во разгорена фаза при што било спречено негово натамошно ширење, но причинета е значителна материјална штета. Според првичните сознанија пожарот настанал од самозапалување на автомобилот.
Continue Reading
Првачињата во основните училишта во Кочани ќе добијат еднократна парична помош од општинскиот буџет
-
Деск
-
August 1, 2023
-
Општини
-
0 Comments
Сите запишани првачиња во основните училишта во општина Кочани за претстојната учебна година ќе добијат еднократна парична помош од по три илјади денари, што ќе им биде исплатена од општинскиот буџет. Едногласна одлука за финансиската поддршка донесе Советот на Општина Кочани на последната седница, на која беше усвоен и ребалансот на буџетот за оваа година. Предлогот за исплата на паричната …
Continue Reading