Првачињата во основните училишта во Кочани ќе добијат еднократна парична помош од општинскиот буџет

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите запишани првачиња во основните училишта во општина Кочани за претстојната учебна година ќе добијат еднократна парична помош од по три илјади денари, што ќе им биде исплатена од општинскиот буџет.







Едногласна одлука за финансиската поддршка донесе Советот на Општина Кочани на последната седница, на која беше усвоен и ребалансот на буџетот за оваа година. Предлогот за исплата на паричната помош дојде од опозициската советничка група, при што беше дадено и соодветно образложение.

– Минатата година сите го поддржавте мојот предлог за исплата на еднократна парична помош, но бидејќи тогаш немаше време да се прави ребаланс на буџетот, наместо парични средства беше доделен ученички прибор. Сега предлагам да се обезбедат по три илјади денари за околу 300 првачиња, за што ќе бидат неопходни околу 900 илјади денари, а со оглед што имаме измена и дополнување на буџетот, по овој предлог тие да се пренаменат за нив, истакна Ивана Максимова, членка на Советот на Општина Кочани.

При расправата за ребалансот на буџетот до крајот на оваа година, беше предложено да се измени ставката за набавка на моторни возила во висина од еден милион денари, а овие пари да се пренаменат за поддршка на првоодделенчињата.

Од општинската администрација нагласија дека одлуката ќе треба да се формулира прецизно и целата постапка да се остави за наредната седница на Советот, што ќе се одржи во септември. При тоа ќе се утврди точниот износ и критериумите за распределба на средствата на трансакциските сметки на родителите или старателите на учениците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK