Коњановски: Министерството за финансии нема да го вчита ребалансот на буџетот на Општина Битола

toni k
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изгласаниот ребаланс на буџетот на Општина Битола од страна на Советот на Општина Битола е спротивен на Закон и не може да биде вчитан од Секторот трезор при Министерството за финансии, изјави градоначалникот Тони Коњановски.







Градоначалникот Коњановски информира дека добил известување, потпишано од заменик министерот Филип Николоски, во кое се наведува дека согласно став 4 од член 22 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, измените и дополнувањата на Буџетот не се вчитуваат во трезорот на Министерството за финансии, донесени од Советот на општината, спротивно од одредбите од ставовите на овој член.

– Алармирав јас и општинската администрација пред седницата и за време на седницата, но сепак беше усвоен ребаланс, со кој за жал повторно губиме време низ институционално докажување, наместо непречена работа на терен. На седницата на 11 јули, потенцирав дека секој амандман може да биде прифатен, доколку не ја надминува буџетската рамка и не го кочи вчитувањето на буџетот. Повикувам на разумност и конструктивност на сите советници во Советот и делување во интерес на граѓаните и на нашата општина, наспроти досегашните блокади, кои произлегоа од одредени одлуки на Советот, посочи Коњановски.

Од Општина Битола информираат дека локалната самоуправа е во одлична финансиска состојба и дека моментално општинската сметка располага со 180 милиони денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK