Спречен шумски пожар кај Отовица, на автопатот Велес – Скопје

pozarno vozilo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ниска вегетација, трња и грмушки гореле вчера од 16:35 до 19:30 часот кај  село Отовица, кое е лоцирано во близина над велешкото езеро „Младост“.  Велешките пожарникари и полицијаци по три часа тешка  борба со огнената стихија успеале да го изгаснат огнот за  да не се прошири кон боровата шума на автопатот Велес – Скопје.







Портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев денеска за МИА изјави дека на помош на 13-те велешки пожарникари, кои гаснеле со четири противпожарни  возила им се придружила и полициска екипа  од СВР Велес, која исто така активно се вклучила во гаснење на пожарот. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK