Меѓународен театарски фестивал во Демир Капија

– Меѓународен театарски фестивал насловен „Без рамка“ по вторпат се реализира деновиве во Домот на културата во Демир Капија, а вечерва пред театарската публика се претстави театарот од Уб, Србија, со претставата „Портрет“. Истовремено, Демир Капија одбележува 60 години постоење на Театар „Мирка Гинова“ и 30 години театарска активност на актерот и режисер Томе Атанасов при овој театар. -Отворањето на …

Continue Reading

Краток застој на сообраќајот кај делчевски Стамер

Поради незгода на камион кој превезувал градежен материјал, сообраќајот на патот Делчево – Пехчево – Берово кај селото Стамер се одвица наизменично со регулирање од страна на сообраќајната полиција. Од полицијата информираат дека ова е од времен карактер бидејки се работи на расчистување на градежниот материјал од коловозот. Во расчистувањето на теренот учествуваат екипи на ТППЕ Делчево.

Continue Reading

Социјалната услуга за помош и нега во домот станува достапна и во Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани

На 120 постари лица и лица со намален функционален капацитет од Прилеп, Долнени и Кривогаштани, како и на 60 лица со попреченост, постари и изнемоштени лица кои живеат на територијата на општина Крушево, им станува достапна социјална услуга за помош и нега во домот, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска …

Continue Reading

„Комуналец” Неготино обезбеди машина за собирање на лисја, тие ќе се употребуваат за производство на хумус

„Комуналец“ Неготино обезбеди машина за собирање на лисја, лисјата ќе се употребуваат за производство на хумус за цвеќињата и дрвјата на јавните површини во општината. За ова попладнево информираа од неготинското комунално претпријатие. – Ова е нешто ново за нас. Набавивме вакуум смукалка за собирање на лисја. Со тоа од една страна ќе бидеме побрзи и поефикасни во работата, а …

Continue Reading

Научна конференција во Крушево: Илинденското востание е темел за македонската државност

Македонската државност почива на темелите на Илинденската револуција. Почива на двата Илиндена, а македонскиот народ има своја историја и содржина во двете востанија – 1903-тата и 1944-тата. Секој обид за минимизирање, е негирање на македонството, беше истакнато на денешната прва научна конференција организирана од Матицата на иселениците од Македонија во Крушево, во пресрет на големиот празник Илинден. Научната конференција е …

Continue Reading

На Демир Капија и се одобрени 551.878,00 евра за приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациски системи, пречистителни станици и опрема

Општина Демир Капија се најде на листата на Министерството за животна средина и просторно планирање, со одобрени средства за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, пречистителни станици и опрема, во вкупна вредност од 551.878,00 евра. За ова попладнево информираше демиркапискиот градоначалник Лазар Петров. Градоначалникот нагласи дека ова е од  огромно значење за општината. Тој искажа благодарност до …

Continue Reading

Грковска – Таравари: Важно е и општините да се вклучат во промоција на принципите на добро владеење

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска беше во работна посета на Гостивар, каде оставирал средба со градоначалникот, Арбен Таравари. Како што информираат од владината прес-служба, на средбата е разговарано за заедничка организација на дебатни настани по почетокот на наредната учебна година, а во рамки на активностите наменети за младите, кои вицепремиерката Грковска повеќе од една година …

Continue Reading

Водоснабдувањето на високите зони на Штип ќе се нормализира во текот на вечерните часови

Жителите во високите зони на градот Штип од цистерна се снабдуваат со техничка вода, откако веќе втор ден останаа без вода за пиење од Филтер станицата. Директорот на ЈП „Исар”, Кирил Зајков на прес – конференција образложи дека заради тековно одржување на филтрите и зголемената потрошувачка на вода овој период во повисоките делови од градот дојде до прекин во водоснабдувањето. …

Continue Reading

Во велешкото село Мелница првпат се одржа манифестацијата „Мелнички средби 2023“

Во село Мелница, Општина Чашка, синоќа првпат се одржа манифестацијата „Мелнички средби 2023“ со богата програма со промоција на документарен филм за село Мелница, дефиле на фолклорни друштва, интерпретатори на традиционална музика и концерти на фолклорни друштва. На крајот настапија и повеќе македонски естрадни ѕвезди, информираа денеска за МИА, од Општина Чашка. За посетителите посебно интересно беше фестивалско дефиле во …

Continue Reading