Пригодна програма за Илинден во Делчево

ILINDEN
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на великанот Гоце Делчев и паднатите борци во центарот на градот и културно-уметничка програма во дворот на манастирот Св. Илија во село Ѕвегор, во Делчево утре ќе се одбележи националниот празник Илинден. Настанот е во организација на Општина Делчево во соработка со културно-уметничките друштва од Општината.







-Во рамки на свечената програмата за заедничко одбележување на 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ ќе се чита реферат за значењето на Илинденското востание 1903-подготвен од КУД „Гоце Делчев“ Делчево со положување свежо цвеќе пред споменикот на великанот Делчев, а потоа и пред споменикот на паднатите борци. Таму исто така ќе следува реферат за значењето на Првото заседание на АСНОМ 1944 година, по што ќе следи и положување букети свежо цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОВ, истакнаа од Општината.

Во рамки на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание, во селото Ѕвегор ќе настапи културно-уметничкото друштво Н.Ј. Вапцаров.

-Почетокот на програмата кај манастирот Св. Илија во Ѕвегор е во 13:00 часот. Упатуваме отворен повик до граѓаните со своето присуство достојно да се одбележат значајните датуми за македонската историја, додадоа од Општината.

Одбележувањето на Илинден годинава ќе заврши со фестивалот на родољубиви и патриотски рефрени Македонија 2023 кој во организација на здружението Македон ќе се одржи вечерта на летната сцена во градскиот парк во Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK