Нормализирана состојбата во Аеродром по вчерашното невреме, сите семафори се вратени во функција

Кризниот штаб на Општина Аеродром е во постојано заседавање, а утрово одржа и итен состанок по вчерашното невреме кое нанесе материјална штета, а голем дел од аеродромци останаа и без електрична енергија поради паднат далновод на ЕВН. Во моментов дефектот е саниран и напојувањето со електрична енергија е нормализирано на целата територија на Аеродром. На денешниот состанок беше донесена одлука …

Continue Reading

(Видео) Спречена експлозија на над 80 тони гас кај поранешна „Порцеланка“ во Велес

Благодарение на брзата и пожртвувана реакција на храбрите велешки пожарникари избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка Порцеланка во Велес, објави Центарот за управување со кризи. -Огнот беше сопрен на само стотина метри оддалеченост од цистерни и склад со повеќе од 80 тона плин – рече директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Continue Reading

Општина Ѓорче Петров со засилени мерки за заштита на населението при временски непогоди

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска оствари средба со командирот на полициската станица во Ѓорче Петров, Златко Цветковиќ на која се разговараше за засилување на мерки за навремено справување со евентуални временски непогоди, пожари или поплави. На средбата, командирот Цветковиќ го информираше Стојкоски дека полицијата во Ѓорче Петров е подготвена да ја засили безбедноста и да излезе во …

Continue Reading

IQOS мобилната зона е во Охрид

  Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата привремена локација на IQOS мобилна зона, која е поставена во Охрид, на кејот Македонија во близина на пристаништето. Работното време на мобилната зона е од понеделник до недела, од 10 до 22 часот. На оваа …

Continue Reading

Герасимовски: Учениците на ООУ „Кочо Рацин“ во септември ќе добијат реконструирана модерна спортска сала

Општина Центар започна со темелна реконструкција на спортската сала во ООУ „Кочо Рацин“, а во тек е и реновирање на 4 училници и 2 санитарни јазли во училиштето. Во салата со површина од 800 метри квадратни се поставува нов квалитетен паркет, поставено е ново осветлување, оштетените ѕидови се глетувани и варосани, со што целиот простор доби поубав и почист лик. …

Continue Reading

Пожарот кај Битола е локализиран, но се уште постои опасност, од Пелистер е оддалечен 10 километри

Регионалниот ЦУК Битола известува дека Екипите од ТППЕ Битола, НП ,,Пелистер”, ДПД,,Арханѓел” и доброволци се повлечени од терен од пожарот на м.в.Смолево (Општина Битола) во 23.00 часот. На терен во гаснењето биле активни повеќе од 50 луѓе и пожарот е локализиран но се уште постои опасност, бидејќи еден крак од истиот е се уште активен во густа борова шума и …

Continue Reading

Повеќе од 10 часа делови од Скопје без струја

Повеќе од 10 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град. Според информациите објавени вчера, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“. Краткотрајното невреме што синоќа зафати делови од главниот град предизвика повеќе штети, паднати дрвја, оштетени автомобили, кровови, …

Continue Reading

Костадинов завршил на инфузија, вдишал чад од пожарите

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вчера завршил на инфузија откако вдишал чад при гаснењето на пожарите. -Пожарникарите-спасители изразуваат голема благодарност за денешниот чекор на Градоначалникот Костадинов со кој реши да не награди сите со по 10 000 денари и како прв го вреднуваше нашиот труд. Ниту фотографии ниту видеа и прес конференции, Градоначалникот Костадинов беше рамо до рамо со нас …

Continue Reading

Нова инвестиција на СКОПСКО, како дел од платформата „Наша Гордост. Наша одговорност“

Во рамки на платформата “Наша Гордост. Наша одговорност.”, култниот македонски бренд на Пивара Скопје – СКОПСКО, ја најави најновата инвестиција во повратни вендинг машини за селектирање отпад. Оваа иницијатива ги обединува напорите за општествено одговорно делување и заштита на животната средина и во целост ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржлив развој во рамки на платформата „Свет без отпад …

Continue Reading