(Фото) Општина Аеродром: Побезбедни и подобри улици за Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните работи на крак 28 на улицата „Тодор Чангов“, каде што во должина од 200 метри се врши целосна реконструкција, со замена на тампонскиот слој и асфалтната конструкција. За првпат, оваа улица добива темелно обновена сообраќајна површина, што ќе придонесе за поголема безбедност и подобри услови за движење на жителите, …

Continue Reading

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Демократската унија за интеграција бара институционална одговорност за Биљал Касами, кој, како што велат од оваа партија, при одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија во Тетово избрал да го постави знамето на Вергина, додека албанското национално знаме било изоставено. Ова, забележуваат од ДУИ, не е прашање на протокол, туку јасен показател за односот на власта кон албанскиот …

Continue Reading

„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за 12 септември, ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11 септември, со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија. Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител …

Continue Reading

Тошковски во посета на Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово, по што го посети и Секторот за внатрешни работи Тетово, каде со раководството разговараше за актуелната безбедносна состојба, предизвиците и резултатите од работењето. На средбата со раководството на Универзитетот се разговараше за продлабочување на соработката со Министерството за внатрешни работи, …

Continue Reading

Од термален извор до современ туризам: потенцијалот што го има Македонија

Здравствениот и велнес туризмот во Македонија имаат солидна основа, но сè уште се развиваат нерамномерно. Земјата располага со повеќе термални извори – од Кочани и Штипскиот регион, преку бањите во Дебарско и Катланово, до југоистокот. Дел од нив нудат добри услови за релаксација и третмани, но ретко се среќава целосен систем што комбинира современа медицинска рехабилитација, квалитетно сместување, гастрономија и …

Continue Reading

Ангелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењето

Во моментот нема алармантни пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека опасноста од пожари и натаму постои, но дека најавените врнежи од УХМР за попладневните часови во западните делови од земјата би можеле да помогнат во нивното гаснење. Пожарот кај Рамно сè уште е активен, но е значително намален. „Очекувам денес целосно …

Continue Reading

Аеродром домаќин на 100-часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“

Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги обединува спортот, дружењето и хуманоста. На стартот пред СЦ „Јане Сандански“ се собраа голем број деца, родители, љубители на спортот и граѓани кои со своето учество придонесуваат за една важна хуманитарна цел. „’No Finish Line Skopje’ не е трка за …

Continue Reading

Дел од Чаир утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на улицата Коста Абрашевиќ б.б, без вода ќе останат корисниците од улиците Коста Абрашевиќ, Панче Неделковски и Серава, во општина Чаир. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.

Continue Reading

Дел од Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за денеска се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија. Без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата Гераника, поточно подулиците 3,5,7и10., општина Кисела Вода.

Continue Reading