Клиничката болница Битола доби нова современа опрема

Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка, соопшти Министерството за здравство. Од таму велат дека особено значајна …

Continue Reading

Јавен повик за организирање на јавна презентација и јавна анкета по изготвен ДУП за дел од урбана четврт СЕ 05.02 КО Штип 1, О.Штип

⇓ ДУП за дел од урбана четврт СЕ.05.02 КО Штип 1, О.Штип ⇓ Јавен повик ⇓ Одлука ⇓ Известување ⇓ Покана ⇓ Решение ⇓ Соопштение ⇓ Анкетен лист

Continue Reading

ЈП Паркинзи на Општина Центар отвори нова канцеларија за грижа за корисници

ЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници. Во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња, набавени се нови специјализирани скенери за обработка и дигитализација на документацијата и нова информатичка опрема, а инсталирани се и системи …

Continue Reading

Намален бројот на прегледи во Гостивар, вчера помош побарале 36 лица

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување и континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош. Во текот на вчерашниот ден, во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов, во …

Continue Reading

Во функција се камерите на Безбеден град во дел од општина Дебрца, наскоро ќе стартуваат и во Охрид

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор Безбеден град на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на Безбеден град, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната …

Continue Reading

Делови од Центар утре без вода за пиење

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре 31.07.2026 година ( петок ) – поради дефект на огрлица ф-250 мм на крстосницата Водњанска/Бел Камен, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Водњанска, дел од ул.Бел Камен и дел од ул.Шарски Одред. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот.(Општина Центар)

Continue Reading

Турската кинематографија во фокусот на Beach Film Festival Ohrid

Република Туркије беше земја во фокус на деветтото издание на Beach Film Festival Ohrid, што се одржа од 22 до 26 јули, со поддршка на турското Министерство за култура и туризам и на Генералната дирекција за кинематографија. Фестивалот беше можност турската кинематографија да се претстави пред меѓународната публика, а воедно да се зајакне културната дипломатија, да се поттикне професионалното вмрежување, …

Continue Reading

Општина Аеродром: ООУ„ Димитар Македонски“ во населба Лисиче од 1 септември воведува едносменска настава

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, каде што интензивно се работи на создавање услови за воведување на едносменска настава од 1 септември, согласно со насоките и препораките на Министерството за образование и наука, соопштија од општината. Летниот распуст, појаснуваат, се користи за уредување и адаптација на училиштето, …

Continue Reading

Во Кичево ќе се гради нова болница, инвестицијата е вредна 22,5 милиони евра

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, ја посетија болницата во Кичево и го разгледаа концептот за изградба на нова болничка установа. Планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра. „Кичево со децении се соочува …

Continue Reading