Болка и тага: Училиштето се прости од 18-годишниот Михаил кој загина во несреќата кај Илинден заедно со неговиот татко

Со емотивна објава, средното училиште „Здравко Цветковски“ се прости од својот ученик Михаел Арсовски, кој заедно со својот татко го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на полициската база „Брест“, во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје. Од училиштето информираат дека Михаел бил ученик во класот Г-4а и дека неговата трагична и ненадејна смрт длабоко ја потресла училишната …

Continue Reading

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата од „ЗНАМ“ и советникот на Левица, Куцуловски, дека имало цензура на снимката од седницата на Советот, која во живо се пренесувала на јутјуб-каналот на општината. Герасимовски тврди дека прекинот во преносот бил последица на технички проблем, односно прекин на интернет-врската, а не обид за прикривање на дел од седницата. „Нема цензура …

Continue Reading

(Видео) Подметнат е пожарот во Шутка: доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Безбедносна камера снимила две момчиња кои, според снимката, доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат пожарот и веднаш бегаат од местото на настанот. На видеоснимката се гледа како момчињата се приближуваат до дуќаните, по што избувнува пожар и тие го напуштаат местото.

Continue Reading

Карпошани во акција, чистеа јавни површини на три локации

Голем број граѓани, советници и вработени во општинската администрација денеска се приклучија на доброволна акција за чистење на јавните површини во Општина Карпош. Акцијата се одвиваше на три локации, каде учесниците беа поделени во работни тимови. Во Козле се чистеше просторот околу споменикот КЈП, спроти „Алумина“, во Лептокарија беа опфатени јавните површини во ТЦ Лептокарија, додека третиот тим работеше на …

Continue Reading

ЗНАМ го обвини Герасимовски за цензура: Снимката прекинува додека советничка зборува за ДУП „Барутана“

Движењето ЗНАМ го обвини градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за цензура при објавувањето на официјалната снимка од седницата на Советот, тврдејќи дека видеото прекинува токму во делот во кој нивната советничка Александра Цветановска зборува за спорниот Нацрт-ДУП „Барутана“, слободата на изразување и наводните притисоци врз советниците. „Покрај бетонирањето на Центар, Горан Герасимовски сега ја бетонира и цензурата“, велат од …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите – Карбинци се развива

ВМРО-ДПМНЕ ги презентира резултатите од работата во Општина Карбинци во изминатата година, посочувајќи на инвестиции во образованието и инфраструктурата, како и на финансиска поддршка за деца, млади и семејства. Од партијата велат дека во Радање е изградена нова училишна зграда, додека со доградбата на градинката „Кокичиња“ се обезбедува простор за околу 100 дополнителни деца. Меѓу инфраструктурните проекти го издвојуваат и …

Continue Reading

Нова огнена битка: 31 пожар на отворено, три жаришта сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три се активни а четири се под контрола. Изгаснати се 24 пожари. Активни се пожарите кај селото Белица во општина Македонски Брод, кај селото Брест во општина Чучер Сандево, и кај селото Алдинци в општините Крушево и Кривогаштани. Под контрола се …

Continue Reading

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата. Како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, кандидатурата на Радичевски била едногласно изгласана на редовна седница на Извршниот комитет на партијата. Радичевски е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е магистер по …

Continue Reading

Јакуп Хусеини е кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Брвеница

ВЛЕН денеска ја објави кандидатурата на Јакуп Хусеини за градоначалник на Општина Брвеница. Како што соопштија од ВЛЕН, Хусеини е магистер по правни науки и моментално работи како државен службеник во Општина Брвеница. Од коалицијата наведуваат дека неговото професионално искуство и непосредната работа со жителите му овозможиле одблиску да се запознае со потребите, проблемите и предизвиците со кои се соочува …

Continue Reading