Радичевски: Продолжуваме посветено и транспарентно да работиме за Брвеница
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, имаше свое обраќање пред присутните на митинг во Милетино при што ја претстави својата визија и дел од проектите предвидени во програмата за развој на општината. ,,Оваа кампања ја започнувам со почит, со достоинство и со човечност. Во изминатиот период бевме сведоци дека проектите се работеа јавно, транспарентно и во …
Continue Reading
(Фото) Демолиран надземниот премин „Влајко“
Несовесни граѓани го вандализирале надземниот премин „Влајко“. Преминот ќе биде затворен за користење до санирање на штетите. „Во текот на денешниот ден, сведоци сме на уште еден вандалски чин на надземниот пешачки премин „Влајко“ кој се наоѓа во населбата Влае. Поради настанатата материјална штета и можноста од повреди на граѓаните, ве известуваме дека преминот привремено ќе биде затворен за користење“, …
Continue Reading
Општина Ародром: Нов асфалт на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Лисиче
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, каде што по повеќе години, за првпат се поставува нов асфалт. Станува збор за улица во должина од 530 метри, на која се поставуваат 2.330 квадратни метри нов асфалт, со што значително ќе се подобрат условите за движење и безбедноста на …
Continue Reading
(Фото) Обновување на сообраќајната сигнализација пред училиштата и градинките во Карпош
Општина Карпош започна со обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација пред училиштата и градинките со цел да ја подобри безбедноста во сообрачајот. Активоста која се реализира во рамки на годишната програма на Секторот за комунални работи, опфаќа пребојадисувањето на пешачките премини и уличните училишни ознаки, пред десетте основни училишта во Карпош, велат од Општината. Во рамки на акцијата ќе бидат ќе …
Continue Reading
(Фото) Герасимовски: Реновирана спортската сала во „Коле Неделковски“, подобри услови за спорт и развој на учениците
Со спортски активности и многу игра, во обновената фискултурна сала во ООУ „Коле Неделковски“ се одбележа Детската недела. На учениците им се придружи и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. „Салата ја реновиравме во текот на летото. Учениците сега имаат функционален простор за спорт и физичка активност, а дополнително тука се и игралиштата во училишниот двор. Спортот е важен елемент …
Continue Reading
Делови од општините Аеродром, Кисела Вода, Петровец и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 13.00 часот, дел од Дрма, општина Илинден; – во периодот од 08.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од село Горно Блаце и Петровец, општина Петровец; – во периодот од 10.30 до 15.30 часот, дел од корисниците на улицата Караџица, населба Пржино, …
Continue Reading
Одземен пасошот и забрана за работа: мерки на претпазливост за вишиот јавен обвинител од Битола
Мерки на претпазливост му се определени на шефот на Вишото јавно обвинителство Битола, против кого е поведена истрага поради сомнение за примање награда за противзаконито влијание, соопштија од Кривичниот суд Скопје. „Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост …
Continue Reading
Институционална соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје
Денеска во Општина Карпош се одржа конструктивен состанок помеѓу градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. На состанокот присуствуваа и повеќе претставници од двете администрации, меѓу кои раководители на сектори со поврзани надлежности и ингеренции, со цел да се унапреди меѓусебната координација и соработка. На средбата беа отворени повеќе прашања од заеднички интерес, со …
Continue Reading
Стоилковиќ на отворањето на новиот адреналински парк во Крива Паланка
Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, присуствуваше на отворањето на Адреналинскиот парк на локалитетот Калин Камен, дел од проектот „Прекугранична атрактивност – паметен туризам во регионот Ќустендил – Крива Паланка – Невестино“, поддржан преку програмата Interreg IPA Бугарија – Северна Македонија. Во проектот соработуваат шест партнери, а вкупната вредност изнесува над 975 илјади евра. За активностите на Општина Крива Паланка …
Continue Reading