Општина Карпош додели 79 стипендии за талентирани ученици и спортисти

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска на свечен настан ги додели стипендиите за талентираните ученици и спортисти за новата учебна година. На свечениот настан присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, советници, директорки на основнитe училишта, наставници, како и родители и други присутни гости. За талентирани ученици се доделени вкупно …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“. – Во срцето на нашето Скопје, Жена парк е едно од оние места каде што зеленилото, спомените и историјата се среќаваат. Место за одмор од градското секојдневие, за средби и прошетки, кое заслужува да биде уредено и негувано, со внимание кон …

Continue Reading

Општина Аеродром обезбеди 400.000 евра од „Еразмус плус“ за модернизација на образованието

Денеска градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Ана Михајлов, потпишаа договор за реализација на нов Erasmus+ проект, вреден 400.000 евра. Станува збор за најголемиот грант одобрен од Националната агенција во рамките на новата клучна акција KA240, воведена од Европската комисија минатата година. Општина Аеродром е координатор на проектот, кој …

Continue Reading

Мицкоски: Околу 25 милиони евра од буџетот се пренасочени кон општините за капитални проекти

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа колку Владата им помага на општините за развој и инфраструктура за овие повеќе од две години, изјави: „Па, ние очекуваме, мислам дека во Скопје беше 16, а во Македонија 37. Значи, 16 се во фаза на изработка во Скопје, а 37 се на целата територија на земјата. И …

Continue Reading

(Видео) Ѓорѓиевски: Изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ во завршна фаза

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека во тек е асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“ и дека до крајот на годината, скопјани ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар. – Се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота! Започна асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“! Генерации скопјани чекаа да се реши овој …

Continue Reading

Виш јавен обвинител во Битола влијаел врз одлуки на колеги и ургирал за пониски казни

Обвинителството поведе постапка против виш јавен обвинител во Битола кој е осомничен дека влијаел врз одлуки на колеги и ургирал за пониски казни. „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание“, соопшти Обвинителството. …

Continue Reading

Делови од општините Аеродром, Центар, Студеничани, Петровец и Илинден денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од улиците 12 – та Македонска Бригада, Аврора, Кресна, Митре Влаот, Димитар Македонски и Детелин Војвода. ( општина Аеродром ) – во периодот од 08.30 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. Студеничанска. ( општина Студеничани ) – …

Continue Reading

Без вода дел од Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф – 100 мм на улицата Његошева бр. 15, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Његошева, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.

Continue Reading

Без вода утре дел oд Карпош

Дел од корисниците на улицата „Његошева“ во Општина Карпош утре, 7 октомври, ќе останат без вода поради уличен водоводен дефект. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот ќе започне во 9 часот и ќе трае до отстранување на дефектот. Дефектот е на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Његошева“ број 15.

Continue Reading